Почетна Коментар Поздрав до свештеничката ударна бригада на МПЦ
Поздрав до свештеничката ударна бригада на МПЦ

Поздрав до свештеничката ударна бригада на МПЦ

4.85K
4

Свештеници на Македонската православна црква од младата генерација од речиси сите епархии веќе петти ден секојдневно, од утро од вечер, активно учествуваат во расчистувањето на поплавите и санацијата на куќите на поплавените граѓани на скопско.

Не чекаа некој да ги организира, не се поколебаа дали мантијата да ја заменат со работнича униформа. Многу добро ја разбрале пораката дека освен молитва потребна е и мотика. Молитвата и мотиката одат заедно.

svestenici 2Овој ентузијазам, оваа енергија ја јакне и човечноста на секој граѓанин и верник. Оваа млада генерација свештеници на МПЦ ја менува сликата и перцепцијата за луѓето во црквата. На овие фотографии има свештеници од Повардарската епархија, Преспанско-пелагониската, Скопската, Брегалничката, теолози на Богословскиот факултет во Скопје. Сите тие се иднина на оваа црква, иднина која сигурно ќе ја има, затоа што покрај вакви свештеници ќе застане секој верник.

А баш гледајќи ги овие слики, ми текна на една реченица што оваа недела ја напиша еден владика на МПЦ, веројатно инспириран од веста за грчкиот епископ и тракторот, вели: возење трактор е симпатично, но ќе се согласиме дека воопшто не е Епископски идеал.

slika marjanПрости Дедо Владика, но денешниот свет бара еден друг идеал од Епископите. Токму таков каков што на пример гради Албанскиот Архиепископ.

Поддржете ја свештеничката ударна бригада на МПЦ.

Пишува; Марјан Николовски

Коментар(4)

  1. Еве пример за мешање баби и жаби и вадење реченици од контекст. Со должна почит и искуство во справување со материјални последици од поплава – знам што значи да си го видиш домот наполнет со вода и да се почувствуваш беспомошен пред силата на водата – останувам на мислењето дека на свештениците им прилега повеќе молитва отколку мотика. Така било отсекогаш. А светот си го бара своето. Отсекогаш. Нема зошто да се менуваат идеалите во зависност од времето, кога се тие поставени во однос на вечноста. И нема зошто свештеник да расчистува последици од катаклизма освен во неговата парохија.

  2. Но, ако отците се таму со благослов на нивните надлежни епископи тогаш е ок.

  3. Makedonke , ne gi zali svestenicite sto molitvata ja zamenile so motika. Taka im i treba. Da bile ispravni molitvenici pred boga i pravilno da se molele za Skopje i za naselenieto vo okolijata i voopsto za nivnata pastva, bog ne bi im pratil ovakava kataklizma, ne bi gi vaka opomenal deka ims e blizi Sodoma i Gomora. . No ovde evidentno e deka molitvat ne im funkcionirala kako treba , i zatoa pribegnale kon motika , koje sepak , posigurna e od molitvata . Ne bi bilo loso koga so molenje na boga, bog da ja ocisti kalta sto ja nanel vo kucite na poplavenite i da se primeni ona stara izreka bog dal, bog odnel, ama nece toj kalta da ja nosi od kade ja donel A mozebi i so motika sakaat popovite da ja sokrijat brukata na neuspehot na nivnata molitva

  4. Не сме читале внимателно, Неверниче. Авторот вели дека молитва и мотика одат заедно. Да не се молеа немаше ни за мотика да се фатат. А ти и јас, очигледно ништо од двете не сме направиле.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *