Почетна Коментар ВЛАДИКАТА ПИМЕН: Бог не предупредува за нашата поделеност
ВЛАДИКАТА ПИМЕН: Бог не предупредува за нашата поделеност

ВЛАДИКАТА ПИМЕН: Бог не предупредува за нашата поделеност

4.26K
1

Европскиот митрополит г. Пимен смета дека поплавите во Скопје се предупредување од Бог за поделеноста на македонското општество. Овој став Владиката г. Пимен го напиша на својата Фејсбук страница

Кога би ја знаеле воља Божја сите би биле паметни да промениме нешто, популистички навремено да собереме поени, да пренасочиме навремено средства, да спасиме животи…

Е арно ама се случуваат и вакви временски непогоди надвор од партиските политичките програми.

И длабоко во себе верувам дека ова не е случајност, туку допуштение кое треба да не обедини во тагата, во хуманоста, во герилството на организирање на хуманитарна помош, во покажување на тоа дека институционализам не функционира во вакви услови туку човечност, дека и Бог видел дека многу се замразивме и исполитизиравме меѓу себе, дека нема одењето во Рим на прогласувањето на Мајка Тереза за светица и согласноста на сите 4 политички лидери да се таму ќе помогне во националното единство и будењето на човечноста во сите нас, туку идејата дека секој од нас е оштетен, дека секој од нас е потенцијална жртва на ова невреме треба да го освести човекот во нас дека дождот и громот не прашуваат за партија и националност и вероисповед.

pimennnУмот во главата драги мои, срцето во градите и човечноста пред се нека ве води овие денови, а не теснопартиските амбиции и омрази.

Баталете инструкции државни, партиски. Нека ве води човечноста. Само таа ќе биде вистински наградена. А и да не е, срцата ќе ви бидат исполнети со радост.

ФБ. Пимен

Коментар(1)

  1. Вам Ви е нешто сепак испомешано во главата. Господ Исус Христос никогаш не повикуваше на анархија, немојте ни Вие. Државните власти постојат и ќе постојат, нивните инструкции се значајни, си имаат свој домен и своја основа и оправданост. Човечноста пак, не е нешто што треба да очекуваме да ни го пропише власта, и тоа секој го знае (освен ако потсвесно не копнеете по теократија). Но и нашата совесност и човечност кон власта се дел од исполнувањето на заповедите Божји. Тоа не треба никогаш да го заборавиме. Со сиромавиот секој може да сострадува, но со владетелот само навистина возвишените и мудри луѓе. Последниот руски цар, Николај Романов го славиме како маченик. Но претходно приграбил неверојатно голем имот (не како наследство, туку како профит). Да се запрашаме дали да бевме меѓу неговите поданици, знаејќи за тој факт, ќе се радувавме на неговиот крај или ќе го доживеевме како Свет Маченик? Лесно е да се биде трезвен, откако други ќе прогласат едно сведоштво и да се каже „верувам во се’ што го објавила за вистинито Православната Црква“, но многу поголема трезвеност и претпазливост, многу поголема осетливост за смислата на Христовите заповеди ни требаат за да посведочиме за времето и настаните коишто лично ги живееме и за нашите ближни од непосредното опкружување. Бог да му помогне на нашиот народ во секое добро дело!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *