Почетна Вести Христијанство Порфириј му пишал на Стефан – каква замка подготвува СПЦ?
Порфириј му пишал на Стефан – каква замка подготвува СПЦ?

Порфириј му пишал на Стефан – каква замка подготвува СПЦ?

934
4

Новинарот и познавач на црковните прашања, Марјан Николовски, во гостување во дебатното издание на „360 степени“ја потврди информацијата дека Српската православна црква иницирала возобновување на дијалогот со Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), по подолг застој во комуникацијата. Официјалното писмо било пратено од српскиот патријарх Порфириј, околу Нова година.

„Интересно е што во писмото коешто го пишува Порфириј, зборува за средба на ниво на синоди и на ниво на поглавари, ниво кое досега не беше карактеристично. Она што мене ми е познато е дека МПЦ поприлично коректно одговорила на тоа писмо, не ја отфрлила можноста за средба, но, со оглед на тоа што пред Вселенската патријаршија е започнат процес на барање на апелационото право за посредништво, и со оглед на тоа што вселенскиот патријарх испратил и ново писмо до новиот патријарх на СПЦ за средба во Фанар, во Истанбул, одговорот е дека таква средба може да се случи, но во посредништво, заедно со Вселенската патријаршија“, вели тој.

Николовски предупредува дека МПЦ треба да внимава на можна замка од СПЦ.

„А тоа е да се дојде до некаков привиден договор меѓу СПЦ и МПЦ, кој го форсира и Руската православна црква, којшто би овозможил ‘бајпасирање’ на оној период од 80 години кога СПЦ нема никаква јурисдикција на територијата на денешна Македонија и што е главниот и клучен аргумент на МПЦ зошто ние го бараме правото на апелација. СПЦ сака да го поврати формално правно своето влијание во Македонија, да ја убедат македонската страна дека треба да влезе во повторно канонско единство со СПЦ и така да се остави на подолг период. Тоа е таа замка со која ќе се избришат оние 80 години на нивно невлијание овде“, вели Николовски и додава дека и да се реши канонското прашање, процесот на автокефалност, сепак, се води пред Вселенската патријаршија.

СПЦ е во повеќедецениски спор со МПЦ-ОА за нејзината афтокефалност. Разговорите што повремено се водат не доведоа до позитивен исход, поради што МПЦ-ОА за решавање на својот статус се обрати до Фанар и вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Коментар(4)

  1. Prvo novinarom voobrazuva deka e poznavač na crkovnata problematika pomeđu dvete crkvi. Vtoro, da e poznavač bi znael deka Vartolomej ne e papa, a Carigradskta patrijar šija ne e Vatikan i Sv. stolica, pa spored toa nema nitu pravo na nikakva apelacija koja vo Cr. pravno ne ni postoi. Treto SPC možebi ima najdobra namera toa prašanje ednaš za sekogaš da se reši, ali po kanonski pat i najposle 80 godini ne prisustvo na SPC vo Makedonija znači 80 godini na presto na MPC vo raskol, što sekako nee za pofalba.

  2. Црквата која упорно не сака да се помири со црквата од чија јурисдикција неканонски се одвоила, никогаш не може да има мир, дури и да добие некакво си признание од Цариград. Дури и во таквата лажна соборност ќе си остане бележана како расколничка. СПЦ не и подготвува замка на МПЦ, туку сака да го избрише срамот на расколот од истата. Но ништо не бива на сила.

  3. Не го разбирам инаетов на политичкиве играчи викарии на високите чиновници на МПЦ. Сами си викаат “враќање во канонско единство”, а глуви се за она што им го кажува совеста, за она што е правилно и што е вистина. Не ми е јасно. Чуму толку години со глава во ѕид !!??? Мислам дека е добро сите т.н. владици да си поднесат формални оставки, а МПЦ формално да си постане политичка странка.

  4. Ako Carigradskata patrijsršija imala bilo kakva kompetencija po prašanjeto za MPC sto čekala do sega (70 godini) da ne go rešila toa praštanje.???

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *