Почетна Вести Свет И Александриската патријаршија ја призна Украинската црква
И Александриската патријаршија ја призна Украинската црква

И Александриската патријаршија ја призна Украинската црква

667
0

По архиепископот Атински и на цела Грција кој прв, заедно со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, го спомна името на Киевскиот митрополит, денеска и Александрискиот патријарх Теодор го спомна митрополитот Епифаниј, признавајќи ја на тој начин новата Црква во Украина.

Спомнувањето се случи за време на патријаршиската Божествена Литургија во Каиро, во храмот на Архангелите во Дахер, каде што живее најголемата арапска православна заедница во Египет.

Патријаршијата на Александрија и цела Африка во последниов период се најде во центарот на вниманието, претрпувајќи невидени притисоци од страна на Руската црква.

Патријархот Теодор беше воздржан, избегнувајќи јавно да се произнесе по прашањето. Сепак, колку самиот, толку и луѓето кои се во негова близина уште од првиот момент беа на јасно дека Александриската патријаршија во соодветниот момент ќе направи потег кој ќе биде согласен со нејзината положба и историско значење – директно објавувајќи дека второпрестолната Патријаршија на православните нема намера да подлегне на притисоците.

По оваа одлука на Александриската патријаршија, сега за очекување се реакциите од Црковна Москва. Не е тешко да се превиди, барем според досегашните реакции на Руската црква, како што беа насочени кон Вселенската Патријаршија и Грчката црква, следната цел за санкции да биде Александрискиот Патријарх Теодор.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *