Почетна Вести Свет Александрискиот патријарх: „После нашето признавање, започнува решавањето на проблемот во Украина“
Александрискиот патријарх: „После нашето признавање, започнува решавањето на проблемот во Украина“

Александрискиот патријарх: „После нашето признавање, започнува решавањето на проблемот во Украина“

258
0

„Донесовме една тешка одлука, многу тешка“ – изјави патријархот Александриски г. Теодор во Кипар, одговарајќи на прашање на РИК за признавањето на автокефалната Црква во Украина.

Исто така, патријархот Теодор верува дека Московскиот патријарх нема да престане да го спомнува, велејќи дека „како што вели и мудриот Кипарски архиепископ, не е во ред да се прекинува спомнувањето на претстојателите, а особено на древните Патријаршии“.

„Врз древните Патријаршии и Кипарската црква, врз Пентархијата е утврден текот на целата Црква, а со тоа и текот на поновите цркви“ – додаде патријархот Теодор.

На друго место претстојателот на Александриската црква го издигна значењето на синодалноста во Црквата, повторно велејќи дека „одлуката беше донесена после многу молитва и размислување, а во разговор со сите архиереи од нашата Патријаршија“.

„Од моментот кога Александрискиот патријарх ја призна автокефалната Црква во Украина, односно Томосот кој како Мајка Црква го додели нашата Вселенска патријаршија, да знаете дека започна решавањето на проблемот, еден проблем кој ја измачува нашата Црква“ – истакна г. Теодор.

На прашањето дека работите течат кон раскол, а не кон решение, Александрискиот патријарх изјави: „Не, нема да се случи раскол! Верувам дека после мојата реакција што одлучив да ја следам нашата Вселенска патријаршија, ќе следат и други Цркви. На крај ќе седнеме заедно, со страв Божји и љубов, да го решиме проблемот“.

„Една црква што бара автокефалија, треба да ја добие и тие сами ќе сфатат дека не може поинаку“ – додаде претстојателот на Александриската црква.

Исто така, на прашањето во врска со објавата од Ромфеа дека му било забрането во Кипар да го спомне Киевскиот Епифаниј, Александрискиот патријарх културно напомна дека „не можам да ви одговорам, зашто морам најпрвин да разговарам со Неговото Блаженство“.

Превод: Бигорски

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *