Почетна Вести Свет Над 30 верници се удавија за време на прослава на Ганеш
Над 30 верници се удавија за време на прослава на Ганеш

Над 30 верници се удавија за време на прослава на Ганеш

217
0

Над 30 верници во централниот дел на Индија се удавија во надојдените реки и езера за време на прославата на роденденот на богот Ганеш.

Најмалку 11 хинду верници се удавиле кога нивниот брод се превртел утрово за време на верска прослава на езеро во централна Индија, соопшти полицијата.

Полицискиот службеник Акил Пател изјави дека пет лица се спасени од езерото во Бопал, главниот град на Мадја Прадеш, пренесе АП.

Бродот, наводно, се движел наоколу и се превртел додека верниците потопуваа голема статуа на хинду богот Ганеша во езерото, рече Пател, додавајќи дека од езерото биле извлечени 11 тела.

Новинската агенција Прес Тrast of India објави дека уште 18 лица се удавиле во надојдени реки во шест града во Махараштра.

За време на верските церемонии, уште четворица верници се удавија во реката Џамуна во Њу Делхи.

Хиндусите го слават роденденот на богот Ганеш, кој е симбол на мудрост, просперитет и среќа.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *