Почетна Вести Во Анкара еднаш месечно ќе има православна Литургија
Во Анкара еднаш месечно ќе има православна Литургија

Во Анкара еднаш месечно ќе има православна Литургија

225
0

Вселенската патријаршија објави дека од 11 март оваа година, во Анкара ќе почне служење на православна света Литургија, која ќе се извршува еднаш месечно. Одлуката е манифестација на пастирска грижа, а и одговор на бројни молби.

Богослужбите во турската престолнина ќе бидат за “православните од различни народности, членовите на амбасадите на православните земји, универзитетските професори, како и други кои работат во околината”.

Света Евхаристија и другите служби ќе бидат отслужувани од архимандрит Висарион, кој зборува руски јазик и затоа ќе се пресели да живее во главниот град, стои во официјалното соопштение на Патријаршијата.

Богослужбите ќе се служи во локалниот католички храм, прилагоден за потребите и на православната заедница.

Во Анкара има остатоци од само еден православен храм од византискиот период – тоа е црквата “Св. Климент Римски”, изградена пред 1000 години, која е во урнатини.

Во последните години се почесто се поставува прашањето за духовното право на руските граѓани во Турција и особено на руските туристи, кои доаѓаат во текот на летото во турските летувалишта. За таа цел Руската црква сака да постигне привремено решение со испраќање на руски свештеници, кои ќе се грижат за нивните верници. Вселенска патријаршија се обидува да одговори на оваа потреба, пак преку испраќање на свои клирици кои владеат руски и црковно-словенски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *