Почетна Вести Ѓормез: Светот доживува цивилизациска криза
Ѓормез: Светот доживува цивилизациска криза

Ѓормез: Светот доживува цивилизациска криза

74
0

Претседателот на турскиот Дијанет ,државен совет за верски прашања, Мехмет Ѓормез анализирајќи ја ситуацијата во која светот се наоѓа ја оцени како цивилизациска криза.

iftar turcijaЃормез ова го кажал на ифтар-вечерата што ја за група истакнати личности од Сирија, Палестина, Египет, Ирак, Судан и Јемен.

Ифтарот на кој беа поканети 300 гости од овие земји бил приреден во Центарот за исламски истражувања во Истанбул.

Во обраќањето пред учесниците Мехмет Ѓормез се задржал на значењето на науката и научниците во исламскиот свет потенцирајќи дека исламската цивилизација во текот на својата историја поминала низ неколку големи кризни ситуации.

Поминува и денес низ една криза, но исто како што беше тоа во минатото и денес со голема помош и поддршка на науката и на луѓето од научниот свет и оваа криза ќе биде успешно надмината, рекол Ѓормез.

/ТРТ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *