Почетна Вести Чешка прими христијански бегалци од Ирак
Чешка прими христијански бегалци од Ирак

Чешка прими христијански бегалци од Ирак

93
0

Чешка прими 21 бегалец од Ирак, но со христијанска вероисповест. Групата составена од 21 ирачки христијанин пристигнала во Чешка, а од Ирак побегнале поради прогонот заради верата на која и припаѓаат, изјавиле чешките власти кои ги пречекале бегалците на аеродромот во Прага.

-Ова е четвртата група ирачки христијани на кои во последните месеци Чешка им нуди прибежиште. Во државата веќе има 89 Христијани од Ирак, а ние ќе примиме вкупно 37 семејства – 153 луѓе на кои животот во родната држава им бил изложен на реална опасност од страна на исламистите, изјавил претставникот на Чешките власти.

Грижата за ирачките христијани ќе ја преземе католичката црква и хуманитарните организации, кои ќе им помогнат да се адаптираат во чешкото општество и да најдат свој дом и работа.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *