Почетна Вести Руската црква му одговори на Вартоломеј: Демократијата и Црквата не одат заедно
Руската црква му одговори на Вартоломеј: Демократијата и Црквата не одат заедно

Руската црква му одговори на Вартоломеј: Демократијата и Црквата не одат заедно

376
0

Продолжуваат провокациите меѓу Вселенската и Московската Патријаршија. Откако Портпаролот на Соборот, Архиепископот Јов од Вселенската патријаршија порача дека заклучоците од Соборот на Крит мора да важат за сите, образложувајќи го тоа на руските новинари со примерот дека во демократијата не сите гласааат ЗА, ама одлуките важат за сите, алудирајќи на отсуството на Руската, Грузиската, бугарската и Антиохиската црква, Секретарот на одделот за надворешни работи на Руската црква, Николај Балашов и возврати на Вселенската патријаршија, потсетувајќи ја дека Црквата и Демократијата не одат заедно и носењето на соборски одлуки е неспоиво со демократските правила на одлучување.

-Јасно ми е дека атмосферата на Крит е напната и дека е заморно да се комуницира со новинари. Но, сепак ми се чини дека споредувањето на црковните собори со демократските процедури за избор е неуспешно, но и неумесно од устата на портпаролот на Соборот. Во Црквата нема демократија, ја нема од првиот век и нема ниту да ја има. Секој демократ кој држи до демократијата ќе го праша самиот Владика Јов на кој рок е избран за владика и кога му истекуваат овластувањата. Бидејќи од гледна точка на демократите, секоја власт која не се менува е лоша. И кај нас нема жени кои работат како епископи, па тогаш за каква демократија може да станува збор, изјавил Балашов, одговарајќи му на владиката од Вселенската патријаршија.

Балашов ја потсетува Константинополската патријаршија за тоа како се носат одлуките во Црквата.

-Механизмите за носење одлуки во Црквата се сосема поинакви, изјавил Балашов потсетувајќи на зборовите од првиот апостолски собор.

jovАрхиепископот Јов од Вселенската патријаршија претходно изјави дека „за жал во демократските земји не учествуваат сите во гласање, дали тоа значи дека гласањето кое се случило во вашата земја е нелегитимно, одговарајќи и на една руска новинарка на прашањето што ако РПЦ не ги признае одлуките од Соборот на Крит.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *