Почетна Вести Романската црква на интерактивна мапа ги обележа сите социјални пунктови
Романската црква на интерактивна мапа ги обележа сите социјални пунктови

Романската црква на интерактивна мапа ги обележа сите социјални пунктови

460
0

Романската патријаршија направи интерактивен сајт со локации на сите објекти за социјални и медицински дејности кои се дел од Романската црква и невладините организации.

Надлежниот свештеник на Црквата задолжен за социјалниот дел од Патријаршиската администрација, соопштил дека оваа иницијатива има за цел да им ја олесни достапноста до социјалната и медицинска потреба на луѓето на кои најмногу им е потребна. Во таа грипа спаѓаат повозрасните, невработените, луѓето со хендикеп и социјалните случаи.

Сајтот има интерактивна карта на која по епархии и градови се покажани точно каде се наоѓаат пунктовите и помошта која ја нудат.

Оваа иницијатива сведочи за загриженоста на Романската Православна Црква за луѓето кои западнале во неволја и исто така е пример за тоа како би требало да се однесуваат другите православни христијани .

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *