Почетна Вести Не помина барањето на антекуменистите за бришење на терминот „црква“ за инославните
Не помина барањето на антекуменистите за бришење на терминот „црква“ за инославните

Не помина барањето на антекуменистите за бришење на терминот „црква“ за инославните

686
0

„Односите на Православната црква со другите христијански цркви и зедници“ беше последниот документ од работата на Соборот за чија содржина се согласија сите учесници. На овој текст и најмногу беше посветено внимание и дебата на еднонеделниот Собор на Крит.

27819629801_798628c7bd_kСо оглед на тоа дека дијалогот во христијанскиот свет е од исклучително значење, православните епископи од Соборот се согласиле дека тој мора да продолжи во дихот на евангелието и во рамки на каноните и преданијата на Црквата.

Текстот на овој документ беше потпишан на последниот ден од работата на Соборот откако претходните денови имаше активни дискусии.

Главен учесник во дебатата била Грчката Црква, чија позиција ја бранел Јероним, Атинскиот архиепископ. Грците настојувале да се зема предвид одлуката на Архиерејскиот собор на нивната црква, и инсистирале да се измени изразот “другите христијански цркви” со “другите христијански конфесии”.

Во дискусијата се вклучиле многу епископи од различни помесни православни цркви, кои истакнале дека на црковното предание и на светоотечкота терминалогија не им е странски терминот “инославни цркви” и како примери го посочиле називот на такви древни цркви како Ерменската, Коптската, Римокатоличката црква .

По општата дводневна дискусија Грчката архиепископија се согласила терминот “Црква” да остане во однос на инославните конфесии и да биде дел од документот, но под услов да се промени чл. 6 од истиот текст.

Барањето на Грците било: наместо “Православната Црква го признава историското постоење на други христијански цркви и конфесии, кои не се во општење со неа”, да биде “Православната црква го прифаќа историското име на другите инославни христијански цркви и конфесии, кои не се во општење со неа “.

За Атинската архиепископија тоа бил условот документот да се прифати едногласно од соборот.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *