Почетна Вести НАЈНОВА ВЕСТ: Рускиот патријарх ја извојува првата победа
НАЈНОВА ВЕСТ: Рускиот патријарх ја извојува првата победа

НАЈНОВА ВЕСТ: Рускиот патријарх ја извојува првата победа

3.44K
0

Истанбул и дефинитивно отпаѓа како место за евентуално одржување на идниот Вселенски Собор на Православната црква.

Според информациите, што ги објавува агенцијата АНА-МПА, а повикувајќи се на црковни извори од Грчката православна црква, поглаварите во Шамбези ја разгледувале опцијата идниот Собор да се одржи на Крит.

Иако за оваа информација нема потврда, сепак информациите на медиумите велат дека одлуката за ова прашање, односно за местото каде би се одржал Соборот, наводно веќе била донесена.

Ако се потври како точна оваа информација, тогаш тоа ќе значи дека Рускиот патријах Кирил ја „извојувал“ првата победа на подготвителната конференција што во Шамбези се одржува на ниво на поглавари.

Тој уште на првиот ден од состанокот бил категоричен дека идниот Собор нема да може да се одржи на теритотија на Турција. Иако, Вартоломеј тоа го оценил како неприфатливо, со образложение дека Соборот мора да биде во местото каде е седиштето на Вселенската патријаршија, сепак информациите кои доаѓаат од Женева велат дека Вароломеј бил „поразен“ по ова прашање.

Главната причина за противењето на РПЦ Соборот да се одржи во Истанбул, се нарушените политички односи меѓу Турција и Руција. Кирил и пред одржувањето на оваа подготвителна конференција, но за време на нејзиното одржување, жестоко ги брани политички позиции на Русија и не прифаќа ништо што ќе значи каков било контакт со Турција.

Сепак Крит, веројатно е некој вид на компромис, бидејќи Патриајрхот Кирил ја понудил планината Атос како место за одржување на Соборот.

Но, засега се уште нема информации за клучното прашање, а тоа е ќе има ли потврда, или не,  на терминот во јуни за одржување на Соборот.

Руската православна црква има став дека Православната црква не е подготвена за одржување на овој Собор.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *