Почетна Вести ЛГБТ заедницата испрати писмо до поглаварите на Соборот во Крит
ЛГБТ заедницата испрати писмо до поглаварите на Соборот во Крит

ЛГБТ заедницата испрати писмо до поглаварите на Соборот во Крит

351
0

Европскиот форум на ЛГБТ-христијански групи, организација која обединува повеќе од 40 гупи од цела Европа и во која членуваат околу 6000 христијани, кои се декларираат како дел од геј, лезбејки, бисексуалци, и трансексуалци испратиле отворено писмо до Соборот на Православната Црква во Крит со цел да го свртат вниманието на поглаварите на Православните цркви за положбата на нивните ЛГБТ-верници.

Krit-Akademija-Sobor 1-Како што покажува искуството на многу религиозни општини и заедници, спојот на “религиозната” и “сексуалната” компонента на својот идентитет е една од најтешките битки со кои може да се соочи верникот, особено кога неговата заедница одбива да го признае неговото постоење или во него гледа непријател. Многу православни ЛГБТ-христијани беа протерани од своите парохии, изолирани од Причест, стои во писмото на ЛГБТ заедницата до поглаварите на Православните цркви.

Во писмото стои и повикот за преиспитување на ставот на Православната Црква, кон овие припадници на ЛГБТ-заедницата.

-Ве молам да направите се што е можно за да го запрете насилството и агресијата! Стои во писмото.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *