Почетна Вести Францускиот Кардинал: Извинете за злосторствата на педофилите
Францускиот Кардинал: Извинете за злосторствата на педофилите

Францускиот Кардинал: Извинете за злосторствата на педофилите

109
0

Францускиот кардинал Филип Барбарин, обвинет за прикривање на сексуалните злоупотреби врз децата од страна на свештениците, на денешната миса лично им се извинил на сите жртви.

Ова е објавено и на веб страната на неговата епархија, каде кардиналот цитирајќи го папата Франциск, изјавил дека е должен да го преземе на себе сето зло кое го направиле одредени свештеници на Католичката црква и лично се извинува за направената штета која е предизвикана од сексуалната злоупотреба на децата.

Жртвите на свештеникот кој е оптужен за сексуална злоупотреба на деца пред 25 години тврдат дека кардиналот Барбарин кога дознал за злосторствата во 2007 година, ниту го пријавил, ниту го отстранил истиот свештеник од функцијата.

Барбарин се соочува со обвиненија дека не отстранил уште двајца свештеници кои имаат досие за сексуална злоупотреба.

– Никогаш, никогаш не сум ги сокривал делата на педофилите, изјавил Барбарин откако минатата недела премиерот Мануел Валс го повикал да преземе одговорност за овој случај.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *