Почетна Вести ЕКСКЛУЗИВНО: Света Петка од Рокдал од денеска е со Владиката Тимотеј
ЕКСКЛУЗИВНО: Света Петка од Рокдал од денеска е со Владиката Тимотеј

ЕКСКЛУЗИВНО: Света Петка од Рокдал од денеска е со Владиката Тимотеј

914
0

Најголемата  црковна општина „Света Петка“ од Рокдаил, Австралија се приклучи кон новата епархија со која раководи Владиката г. Тимотеј, јави порталот „Фаланга“

Одлуката за нејзино приклучување кон новоформираната „Австралиско-сиднејска епархија“ ја донел синодот на вчерашната седница.

Sveta petka-Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква одлучи МПО црква „Света Петка“,, Рокдаел, Австралија да ја приклучи од МПЦ Епархија за Австралија и Нов Зеланд кон новоформираната австралиско-сиднејска Епархија, стои во одлуката потпишана од Архиепископот г.г. Стефан.

Одлуката практично стапува на сила од денеска.

Таа е донесена по молба на МПО „Света Петка“. Во одлуката на Синодот пишува дека таа е донесена по опстојна дискусија. Засега нема реакција каква била реакцијата и како гласал Владиката г. Петар, кој практично најголем дел од енергијата во спорот во Австралија потроши на судските процеси со „Света Петка“.

Оваа црква по судската одлука на австралиските судски власти имаше двојно владение. Управниот одбор на Црквата го имаше владението врз имотот, а правото да назначува свештеник доби Владиката г. Петар.

odluka stefan

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *