Почетна Вести Владиците Агатангел и Јосиф на ручек со штитениците од центарот „Порака Неготино“
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

Владиците Агатангел и Јосиф на ручек со штитениците од центарот „Порака Неготино“

521
0

Митрополитот Повардарски г. Агатангел организирал дружење и ручек со штитениците и претставниците на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „ПОРАКА НЕГОТИНО“ од Неготино.

Средбата била во манастирот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Неготино, а на неа присуствувал Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

-Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во рамките на својата хуманитарно-мисионерска дејност, има активна соработка со повеќе здруженија на лица со посебни потреби, при што неколку пати во годината се организираат екскурзии и средби од ваков тип, кои имаат за цел овие лица да ја почуствуваат љубовта Христова и љубовта и закрилата на нашата света Македонска православна црква, велат од Повардарската епархија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *