Почетна Вести ЕКСКЛУЗИВНО: Чудото во црквата во Трубарево се повтори за Нова Година
ЕКСКЛУЗИВНО: Чудото во црквата во Трубарево се повтори за Нова Година

ЕКСКЛУЗИВНО: Чудото во црквата во Трубарево се повтори за Нова Година

9.25K
4

Иконата на Пресвета Богородица која прв пат почна на мироточи на 9 Април 2016 година, повторно го повтори процесот, но овој пат со зголемен интензитет.

Верниците во црквата во Трубарево, кои утрово биле на утринската молитва останале биле воодушевени што иконата повторно почнала да мироточи, но овој пат со поголем интензитет.

За настанот известена е скопката митрополија, а верниците од утрово доаѓаат да се поклонат и помолат пред иконата.

Дел од верниците кои ни ги испратија овие фотографии, велат дека чудото се повторило по утринската молитва, кога тие во црквата разговарале околу начинот како годинава да се прославува Бадник и Божик. Голем број верници биле за тоа да се празнува традиционално со бадникарски огнови, по што, како што раскажуваат тие, го забележале повторниот процес на мироточење.

Од Скопската епархија засега нема коментари за овој нов процес на мироточење на оваа икона.

Иконата на Пресвета Богородица во Трубарево мироточеше околу два месеци, по што процесот прекинал. Сега на првиот ден од Нова Година, тој чудтворен процес се повтори.

Коментар(4)

  1. Skoro se pojavi cudoto pred Veligden, sega pred Bozic. Ke vidime dali sekogas vo toj period ke se pojavuva , pred golemite praznici. da bi gi potsetuvalo vernicite masovno da doadjaat vcrkva , da bi padnala nekoja paricka poveke.

  2. Postojano se slicuvaat cuda vo MPC. Najgolemo cudo bozje e sto seuste opsojuva vladikata Petar i nikako da bide isteran od crkvata, a namesto toa , pravo bozje cudo–mu slavat jubilej i uste go velicat kako mnogu, mnogu pobozen vladika. Toa e za mne pogolemi i navistina golemo cudo. A ova cudo e prav popovski trik, koj se uvazuva kako cudo Pravo cudo bi bilo, ama nikako da se sluci–MPC da bide priznaena od bar nekoja pravoslavna crkava , a ne samo od papata , koj od inaet na srbite samo ja ima priznaeno. I tao e pravo cudo, toj ne ja priznava voopsto istpcnata pravoslavna crkva, a ja priznal samo Makedonskata kako pravoslavna crkva.

  3. Мајката Божја плаче….Не може да се помири со фактот ќерката БПЦ да ни биде мајка…

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *