На празникот Илинден, во храмот „Св. пророк Илија“ во селото Лактиње, Општина Дебрца, беше извршен свечен чин на преосветување на црквата, по што беше отслужена света архиерејска литургија.
Со богослужбата чиноначалствуваше митрополитот дебарско-кичевски Георгиј, во присуство на верници од Лактиње и околните места.
Преосветувањето на храмот се одржа на денот кога Црквата го празнува споменот на светиот пророк Илија, како и на пречистанските новомаченици Пајсиј, Евнувиј и Аверкиј.
По завршувањето на литургијата беше извршен и парастос за сите паднати борци кои ги положиле своите животи за слободата на македонскиот народ и за Македонската православна црква.
Свеченоста заврши со кршење на празничниот колач, со што верниците заеднички го одбележаа празникот и обновувањето на храмот посветен на светиот пророк Илија.

