Митрополитот Пимен и Епископот Марко заеднички венчаа два брачни пара и крстија две деца во струмичко Ново Село

Date:

Share post:

Во храмот „Св. великомаченик Георгиј“ во Ново Село, Струмица, на 25 јули беше извршено заедничко архиерејско богослужбено дело, при што Европскиот митрополит Пимен и епископот Делчевско-каменички  Марко заеднички ги извршија Светите Тајни Венчание и Крштение.

Архиереите најпрво ги венчаа Христијан Брндевски и Сандра Љумовиќ, двајцата од Ново Село, а потоа го крстија нивниот син Зоран.

Во продолжение, епископот Марко и митрополитот Пимен го извршија и венчанието на Михаил Брндевски од Ново Село и Кристина Пецанова од селото Дабиље, Струмичко. По Светата Тајна Венчание, беше извршено и крштението на нивниот син, кој исто така го носи името Зоран.

Заедничкото служење на двајцата архиереи беше проследено од верници, роднини и пријатели на семејствата, кои молитвено учествуваа во овие значајни моменти од нивниот духовен живот.

По извршувањето на Светите Тајни, беа упатени молитви Господ да им подари на нововенчаните сопружници долг, благословен и богоугоден брачен живот, а на новокрстените деца духовно израснување во православната вера, здравје и спасение.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img