Почетна Коментар Еким Давид севселенски општител
Еким Давид севселенски општител

Еким Давид севселенски општител

642
2

„Великиот лекувач на раскоили“, Еким  Динов (клирик на Српската православна црква), откако нели го „реши“ македонското црковно прашање, така што го демакодонизираше, сега ја шири својата „екимска мисија“. Помеѓу две општења со вселената, наоѓа време да ги оБогослови и владиците на другите цркви.

Овој пат, на мета се најде Бугарската православна црква и лично Митрополитот Пловдивски г. Николај, чија изјава дадена за Украинската црква Давид, онака “екимско-каноски“ ја коментира за грчкиот црковно-новински портал „Ромфеа“.

Во неа е очигледна неговата завист и злопамтење за тоа што пред неколку години Митрополитот Тимотеј подари на Пловдивската митрополија мошти од Свети Климент Охридски. Н,  тоа не е се! И не е најважно.

Екимот Давид дрско забележува дека тоа што Николај Пловдивски примил мошти од Тимотеј Дебарско-кичевски е поради истата матрица на расколничко размислување што ја имале тие двајца епископи. Едниот, македонскиот, нели поради автокефалноста на МПЦ,  Николај пак, затоа што го славел историскиот континуитет на расколничката Бугарска егзархија со денешната БПЦ. Види макјата кај бил магичниот илјач на Еким Давид. Значи канонско еднинство на една црква е ако си плукнеш по корените. Исто како што тој секојдневно си плука по корените на МПЦ, (како суеверна баба кога мачка ќе и помине преку пат), така сега „лекувачот на расколи“ ја повикува БПЦ да си поплука на своите предци. Тоа е тоа…

Туку јас да го потсетам Еким Давид истиот рецепт да си го примени и по дома… Па онака јуначки, пастирски што би се рекло, на следниот собор на СПЦ да стане и јавно да побара од Амфилохије да ги исфрли честиците од Свети Јован Владимир, што истиот тој Тимотеј Дебарско-кичевски му ги однесе за да СПЦ ги вгради во светоста на храмот во Бар.

И не само тоа, туку да побара од Амфилохије јавно покајание… Ако тоа не го стори Амфилохије, Еким Давид демонстративно да ја напушти СПЦ.

После може да отиде и кај Порфириј во Верија, па и Грчката црква да ја оБогослови, затоа што и таа има македонски свети мошти, примени од „расколнички раце“

За принципите зборувам екиме… за принципите… принцип е на пример кога си одиш во СПЦ, претходно да ја соблечеш „расколничката мантија“ што ја носеше 10 години…. туку бадијала, кај тебе тие не постојат…

Туку еве го неговиот повик во целост, како што беше објавен за Ромфеа:

Во интервју за Православната Црква во Украина, Митрополитот Пловдивски Николај изјави дека Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј многу добро ги познава каноните на Црквата и не може да ги советува расколниците во Украина ништо друго освен да се покаат и да се вратат во канонската Црква.

Митрополитот Пловдивски Николај многу точно ги наведува Отците на Црквата дека ниту маченичката крв не може да го измие гревот на расколот.

Backgrounds and Wallpapers of Colorful Nature SceneАко Митрополитот Пловдивски Николај знае непосредно да дава совети на Сесветиот Вселенски Патријарх, тогаш добро би било истото да си го каже и самиот на себе си и, конечно, да ги советува и расколниците од непризнаената, таканаречена „Македонска Црква“ да се покаат и да се вратат во канонската Православна Црква.

Досега е познато дека Митрополитот Пловдивски Николај ги прима со почести расколничките архиереи од таканаречената „Македонска Црква“, прима и свети мошти од нив официјално во својата Митрополија, но никогаш не сме го слушнале да ги советува да се вратат во канонската Црква.

Можеби ова е резултат на тоа што Бугарската Црква до денес ги прославува со почести архиереите кои го направија расколот на Егзархијата во 1872?

slika marjanСега, после неговата изјава, треба да чекаме дека и тој ќе дејствува исто со расколниците од Скопје, согласно советот што го дава на Сесветиот Вселенски Патријарх.

Пишува: Марјан Николовски

Коментар(2)

  1. Toj e klirik na srpskata crkva , ali za Makedonija., koj ima zadaca da gi uci Makedoncite kako pravilno da veruvaat vo godpoda, oti toj ne e zadovolen kako veruvaat tie pa toj da gi uci i toa po srpski obrazec , po obrazecot kako sto veruva vranjskiot vladika Pahomie, ili pak Filaret , a najubavo veruva Kacavenda vo Bosna.

  2. Da ne pristanal da bide angaziran na zadusuvanje na MPC ovoj, kako monah vo SPC bi bil samo eden mazgar ili vodonosa vo nekoj od mnogubrojnite manastiiri na Srpskata crkva .Bidejki pristanal, za pari, da raboti na zadusuvanjeto na MPC i na se sto e makedonsko osobeno na Makedonskiot duh , e nakiten so site najvisoki crkveni cinovi i dostojinstva , bez ogled na toa da li e dostoen na takvi dostoinstva. No lukaviot ne miruva , toj da bi gi postognal svoite celi, se oblekuva i vo jagneska koza , samo da se dopblizi do ludjeto.Toa e primer na nevideno licemerie i pokvarenost od verski pobudi i so verski celi. Sramota sto go rodila majka makedonka, ili sto e roden na zamjata makedonska.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *