Почетна Коментар Жртвата на владиката Тимотеј
Жртвата на владиката Тимотеј

Жртвата на владиката Тимотеј

814
8

Онаа христијанска смиреност, подготвеност да се истрпи секаква неправда, да се сврти другиот образ за да се прими ударот, со љубов да се одговори на се и да ја има за секого, сигурно дека многу му помогнале на владиката Тимотеј додека во олтарот на новата барска црква отстрана ја следел литургијата на православните претставници.

Секој духовник добро знае колку е тешко да се биде настрана од заедничката служба, да се биде одвоен од целината на православието, кое пред се бара да се биде едно, да се биде заедно. Неговото стоење во олтарот беше слика на реалноста во која се наоѓа нашата Македонска православна црква и од тоа не може да се избега. Тоа е цената што се плаќа веќе цели пет децении како резултат на желбата да се има сопствена, самостојна и автокефална црква на македонскиот народ. На тој олтар ниту една принесена жртва не е мала, не е залудна и ќе дојде денот кога ќе се покаже како вредна и достојна. Во тоа име треба и да се гледа мисијата што овој наш митрополит ја имал во црногорскиот град Бар.

Kако црква ја прифативме молбата на српскиот митрополит Амфилохие да им се подари мало парче од моштите на свети Јован Владимир за заедно со другите делови од моштите што му се подарени да се зголеми чествувањето. Сега, по се што се случи таму, може слободно да се каже дека сето тоа вредеше и дека беше една од добрите одлуки на нашата црква. Ако некој сака да бара влакна во јајцето, може да најде забелешки. Од тоа дека српскиот владика не го пречекал македонскиот митрополит при предавањето на моштите, па до тоа дека во некои ситуации го фаворизирал нивниот експонент во Македонија, Јован Вранишкоски.

За првото објаснувањето може да биде во тоа дека домаќинот бил зафатен со пречекот и со организирање на посетите на ерусалимскиот патријарх, кој беше најзначаен гостин во неколку црногорски светилишта. За второто не треба да се има илузии дека СПЦ ќе го тргнеше настрана својот експонент, во кој толку многу инвестира, токму на чествувањето кое има врска и со Македонија.

Но, ако се гледа вкупниот однос на српската црква кон македонските владици, тогаш ќе се забележат видливи промени. Сигурно не е безначајно и без одредена порака кога овој влијателен српски владика на македонскиот поглавар му се обраќа со неговата полна титула – архиепископ охридски и македонски, кога на дебарско-кичевскиот митрополит, владиката Тимотеј, на свечената трпеза му се заблагодарува на донесениот подарок потенцирајќи ги неговата полна титула и уставното име на нашата Македонска православна црква, и тоа пред сите присутни православни патријарси и владици на кои добро им е позната суштина на македонско-српски црковен спор и кои можеа добро да ја видат македонската подготвеност тој да се надмине.

Тоа беше и најважното во барската мисија на владиката Тимотеј. Тешко беше да се стои настрана од сите, тешко беше да се гледа како српскиот експонент, кој се откажа од црквата што го направи владика и кој експресно е произведен во „архиепископ“ за да ја разнебити МПЦ-ОА, учествува во службата, но сето тоа ќе помине. Ќе остане примерот кој доволно кажува и потврдува дека македонската црква најискрено ги сака вклучувањето во православното семејство и надминувањето на сите спорови.

Потегот на српскиот владика Амфилохие со употребувањето на имињата на полните титули на македонските владици и на МПЦ, се надевам, е нешто повеќе отколку куртоазно возвраќање за вредниот подарок што му е донесен од охридската црква „Свети Никола Болнички“ и е израз на сфаќањето на реалноста што постои во Македонија кога се работи за црковното прашање. Логично во однос на тоа ќе му се случуваат и нелогичности, па со таквата титула – архиепископ охридски да го именува и Вранишкоски, но и тоа е данок на реалноста која самата СПЦ ја произведе и која во наредните години треба да се надмине со преговорите што се чекаат.

BrankoВо секој случај првите чекори се направени и тие се на добра патека. По вакви чинови, секогаш е полесно да се унапредува и зголемува комуникацијата, а што е сега приоритет. Начини има, само треба да се сака. Од изминатите години, колку што е целосно прекинат дијалогот, од сето она што е кажано како сопствена позиција на средбите на црковните преговарачи, секоја страна може да извлече поука. Но, најбитно е дека не може да се избега од црковната реалност во Македонија. Православните патријарси и владици на неделната служба можеа да се запрашат зошто еден владика, кому достоинството не му е спорно, стои настрана од нив и не може да учествува во заедничарењето. Можеа да видат колку е тоа непријатно и колку е итно потребно тој проблем да биде надминат.

Пишува: Бранко Ѓорѓевски

Коментар(8)

  1. Не се занесувајте, Вие воопшто не го познавате митрополитот Амфилохије, тој е византиец (мислам дека добро знаете што означува поимот византиец во дипломатијата). Проблемот не е кај Српските владици, туку кај Грчките и други…

  2. Николај ако сакаш да бидеш љубезен те молам да обхасниш што значи епитетот византиец?
    Не секој знае која е преносната смисла во конкретниов случај.
    Однапред благодарам.

  3. ПоЧитувана Г-ѓа Ангелина Византија беше позната по своето лукавство, мислам дека ова е доволо.

  4. Samo eden moment ove dominira nad site, a toe deka valdikata Asaka da se pokaze samo kako dobar domkin vo ova situacija , po sitemot od slava nikoj ne se brka od domot, na eden domakonski dom na slava vratata se otvoreni za sekogo. A ovde se koristi i prilikata da mu se pokaze na Timotej kolku e vazen Vraniskovski. Osvetuvanjeto na hramot vo Bar ne ce e zaviselo od doadjanjeto ili ne doadjanjeto na Timotej, a za Amfilohije podobro e sto e sepak dosol nekoj od MPC , da si gi opere racete kolku e toj sirokogrud . Ako Timotej se razbira vo crkovnoto pravo , neka se zaprasa dali sega nekoj ima pravo Vraniskovski da go srusi, dali sega nekoj ima pravo da mu ja odzeme titulata i dostojanstvoto na Ohridski arhiepiskop, apropo toa dali pak nekoj ima pravo na nekoj drug(GG Stefan)da muja priznae titulata arhiepiskop ohridski pa duri i poglavar na Mmakedonska si pravoslavna crkva. . Poveke se teski priloziteza anuliranje vo polza na Jovan , a polesni se otfrluvanje, nepriznavanje prilozite na GG. Stefan, zatoa sto GG Stefan e samoproglasen, sto se smeta za tezok prestap, otkolku sto Vraniskovski e hirotonisan na SV, liturgija od avtokefalen patrijarh vo sosluzenie na clenovi na sinod na avtokefalna crkva, (SPC), od cija sto i raka primil zezol, kako simbol na duhovna vlast, a dodeka GG Stefan e naslednik na Dositej Stojkovic od Smederevo koj kako arhiepiskop Ohridski i—vnimanie–Makedonski, zezol primil od nekoj si svestenik, pripremen od clenovita na Sojuzot na komunistite na R. Makedonija. Tuka e golema razlika vo pristapot na rabotite.A crkvata se zapamtuva i se dobro belezi i originalni falsifukuvani i dokumenti i najposle biografii.

  5. Г. Манасија, ти изгледа си ги измешал работите, колку што знам Г. Вранишковски е хиротонисан од Македонски владици, а не од српски, што значи жезолот не го примил од српскиот патријарх. Второ Неговото Блаженство Г.Г. Доситеј хиротонисан е од страна на СПЦ и му бил викарен владика на ГГ. Герман, со титула “Топлички”, значи жезолот не го примил од свештеник. Трето што е најважно – ако св. Стефан Првовенчани, братот на св. Сава ( Растко Неманја) не му беше зет на Теодор Ласкарис, прашање ке беше колку св. Сава ке добиеше афтокефакност за Пеќ. Значи и тука е смешана политиката. Цар Душан и патријархот Јоаникије беа анатемисани од Цариградскиот патријарх. И кога на византискиот цар му гореше под нозе од Турците и бараше помош од кмез Лаар, овај за возврат побара укинувае на анатемата, значи и тука е смешана политиката. Ова не го измислив јас, туку го пишува во црковната историја на СПЦ. Има уште многу да се пишува како СПЦ во текот на историјата ја користела политиката. Но а паметни и ова е доволно.

  6. Nikolaj , znaci makedonskite vladici si go postavia Vraniskovski za Ohridski arhiepiskop na POA i mu predlozia na vselenskiot patrijarh da mu ja kodifikuva titulata i ulogata. Pa zosto togas go strpaa v zandana?–pa vo sto e sega problemot . Vidis jas se si mislam deka SRC go proizvede za egzarh na patrijarhot Pavle za makedonija so namera da ja zagusi MPC. A kako vidam i Dositej Stojkovic , prviot arhiepiskop na vozobnovenata Ohridska arhiepiskopija vo Ohrid bil postaven vo taa uloga od SPC, a jas sum mislel deka na taa funkcija go postavile makedonskite svestenici, kako istaknati ucesnici vo partizanskite edinici za vreme na NOB, a vsunosta nego SPC go postavila i mu dala zezol kakao na Ohridski arhiepiskop. Bravo Nikolaj, blagodaram na ispravkata, se vidi deka dobro gi poznavas rabotite po toa prasanje.Sega se mi e jasno i vidlivo(kako vo magla).

  7. Манасија тебе одамна ти е видливо како во ноќ, македонските владици не го поставија Јован за архиепископ, туку СПЦ под директива на ГПЦ, еве јас ви велам ако ГПЦ и рече на СПЦ принај ја МПЦ под уставното име (што а жал никогаш нема да се случи, оти тогаш и ГПЦ ке треба да врати територии како и државата) таа само ке кажи раумем и ке бидеме признати. Инаку СПЦ му служи на интересите на ГПЦ. Иако се повикуваат на родбински врски, грчките принцоци емале а жени дански принцеи, како што српските емале унгарски а да си го штитат грбот. Ако и ова ти е јасно како во магла прочитај ја историјата на СПЦ, таму се пишува.. И најинтересно, ако според историјата на СПЦ ние сме дел од српската црква, според БПЦ сме дел од нив, тогаш чии сме ние, ај тие две нека се договорат меѓу нив, ама без нови балкански војни.

  8. П.с. И како сега етнофилетимот стана ерес, а кога се работи а СПЦ, ГПЦ, БПЦ и некои други не било ерес. Г. Манасија не се раоти овде а канони, туку чиста политика, еден народ треба да се ибрише од картата. Грција си ја адржа Егејска, Бугарија Пиринска, а само Србија остана без Вардарска Македонија, тоа е болката, и сега се прави напор барем преку црквата да се успее некако да се врати Вардарскиот дел на Македонија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *