Почетна Празници Денеска е Ѓурѓовден
Денеска е Ѓурѓовден

Денеска е Ѓурѓовден

286
0

Верски календар: 6 Мај

МПЦ-ОА/ Св. великомаченик Георгиј – Ѓурѓовден.

gurgovdenСвети Георгиј беше родум од Кападокија. Со Христос се запозна во својот дом. Кога татко му пострада за Христа и прими маченички венец, тој и мајка му се преселија во Палестина. Момчето порасна и стапи во војската на 20-годишна возраст дојде до чинот трибунал. Како таков му служеше на императорот Диоклецијан. Кога Диоклецијан почна да ги гони христијаните, младиот трибунал самиот објави дека е христијанин. Почнаа разни тешки измачувања, но великомаченикот истраја во сите нив, а благодетта Божја му помагаше и го исцелуваше. Неговото мачеништво, т.е. сведоштво наведе многумина да поверуваат во Христа. Во 303 година му ја отсекле главата. Овој голем маченик Бог го награди со дар на чудотворство со кој, тој до денес им помага на сите што го повикуваат во своите молитви.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *