Почетна Вести Христијанство Чворовиќ: Се потврди дека СПЦ има јурисдикција над автономната МПЦ. Следен чекор е промена н Уставот на МПЦ
Чворовиќ: Се потврди дека СПЦ има јурисдикција над автономната МПЦ. Следен чекор е промена н Уставот на МПЦ

Чворовиќ: Се потврди дека СПЦ има јурисдикција над автономната МПЦ. Следен чекор е промена н Уставот на МПЦ

789
2

Српскиот професор и црковен аналитичар Зоран Чворовиќ оцени дека денешната одлука на Соборот на Српската православна црква (СПЦ) има историско значење за СПЦ, затоа што СПЦ покажала дека има јуриздикција врз МПЦ. Според него МПЦ сега ќе мора да го менува и Уставот, пред да почне процес за автокефалност.

-Пред сè, мора да се поздрави одлуката на Светиот синод на Македонската православна црква (МПЦ) да прифати автономија во рамките на СПЦ, која му беше дадена со акт на Светиот архиерејски синод на СПЦ уште во 1959 година“, изјавил за српските медиуми историчарот Чворовиќ.

Според него, „македонските владици конечно после толку децении покажале зрела канонска свест и пастирска одговорност за спасението на своето стадо“.

-Денешната одлука на Светиот архиерејски синод на СПЦ целосно ги поништи дејствијата на неканонскиот акт на Цариградската патријаршија од 9 мај, која ја призна „МПЦ“ како канонска црква“, нагласил Чворовиќ, како и дека е потврдено дека Српската црква има јурисдикција над автономната МПЦ, а не Вселенската патријаршија.

Тој посочил и дека „прашањето за конечното име на Македонската црква Светиот архиерејски синод на СПЦ го поврза со договорот што ќе биде постигнат со сите помесни православни цркви, а не само со хеленските“.

Тој рече дека тоа е „значаен придонес за зачувување на единството на Вселенската православна црква, како и за единството на православните балкански Словени, а во исто време тежок удар за панелинските аспирации на фанариотите“.

Според него, за конечно да се воспостави „литургиско и канонско единство меѓу СПЦ и МПЦ“ како автономна црква во рамките на СПЦ, потребно е да се изменат одредбите од највисокиот организациски акт „МПЦ“, и да се почитува Собранискиот акт од 1959 година „ги обезбедуваат соодветните вистински и почесни права на српскиот патријарх“.

„Дури потоа може да се каже дека процесот на нејзиното враќање во пазувите на Мајката црква е завршен“, рекол Чворовиќ.

Коментар(2)

  1. Dali ova znači i kraj na crkovnata zavrzlama pomeđu SPC i MPC kako izraz na pobožnosta pomeđu dvete crkvi.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *