Почетна Вести Христијанство Руската православна црква ја поздравува одлуката на СПЦ
Руската православна црква ја поздравува одлуката на СПЦ

Руската православна црква ја поздравува одлуката на СПЦ

464
0

Руската православна црква (РПЦ) ја поздравува одлуката на Српската православна црква (СПЦ) да го обнови канонското единство со Македонската православна црква – Охридска архепископија, јавува МИА од Белград.

– Руската православна црква ја поздравува одлуката на Српската црква да го обнови канонското општење со Македонската православна црква – Охридска архиепископија-изјави заменик-претседателот на Одделот за надворешни меѓународни односи на Московската патријаршија, протоереј Николај Балашов, нагласувајќи дека тоа претставува „надминување на половина век стариот црковен раскол“.

Соборот на СПЦ денес издаде соопштениe со кое за МПЦ го прифаќа статусот на најширока можна автономија, односно целосна внатрешна независност, доделен во 1959 година.

По одлуката на вселенскиот патријарх Вартоломеј од 9 мај годинава со кое ја призна МПЦ-ОА за канонска црква, секретарот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, протоереј Игор Јакимчук минатата недела изјави дека РПЦ „ги признава ексклузивните канонски права на Српската православна црква во Северна Македонија“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *