Архиепископот Стефан го замоли патријархот Вартоломеј да ја признае Охридската архиепископија за автокефална

Date:

Share post:

„Господ ни е сведок, дека колку ни е надежта голема, уште поголема е нашата полна доверба во Вашиот суд, во Вашето расудување за времето кога треба да се случи уредувањето на овие работи. Вам Ви го оставаме судот на времето, но Ве молиме – не заборавајте не, помагајте ни да растеме“, порача г.г. Стефан

Добро ви е познат копнежот на нашата јерархија и на нашиот православен народ, и тоа не го сокриваме од Вас и пред Вас, и пред членовите на свештената јерархија на Вашата Црква и на верниот народ што ѝ принадлежи – да ја видиме Охридската Архиепископија возобновена и уредена како автокефална Црква, порача Поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот г.г. Стефан во денешната беседа. Тој додаде и дека трпеливо ќе чекаат да се уредат сите работи околу статусот на Охридската архиепископија и дека тоа е во рацете на Вселенската патријаршија.

„Ние поднесовме барање за еклитон. Да, ние сме патриоти, како што се и сите наши соседни народи, ја љубиме и земјата каде што сме родени, но ги љубиме и нашите соседи и соседните архиереји, чекаме со љубов и трпение да сослужуваме со архиереите во Грција. Но, Господ ни е сведок, дека колку ни е надежта голема, уште поголема е нашата полна доверба во Вашиот суд, во Вашето расудување за времето кога треба да се случи уредувањето на овие работи. Вам Ви го оставаме судот на времето, но Ве молиме – не заборавајте не, помагајте ни да растеме“, порача архиепископот г.г. Стефан.

Тој нагласи дека нашиот завет е упорно да работиме на своето издигнување и дека трпеливо ќе го чекаме тоа благопријатно време, кога радосната објава на Великата Христова Црква за нас, пропратена со веселото биење на црковните камбани, ќе ги преисполни со неопислива радост срцата на нас современите и ќе ги смири духовите на упокоените.

Претходно патријархот Вартоломеј порача дека денешниот настан е доказ за големиот дар на мајката-црква и порака до сите во Северна Македонија за одговорноста која ја добиваат од денеска со влегување во сеправославниот свет.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Киев: Манастирот „Св. Јона“ оштетен од руски ракети

Манастирската црква на Света Троица во манастирот „Св. Јона“ во Киев претрпе оштетувања поради ноќниот ракетен напад, објави...

Тиктокерка се јавувала по цркви барајќи помош за бебешка храна – каков одговор добила?

Американската тиктокерка Никали Монро веќе неколку недели објавува видеа во кои се јавува на различни цркви со едно...

Немам непријатели, сите ги убив!

Во септември патував за Вашингтон, на покана од фондацијата „Слободна Русија“. Таму се сретнав со американски функционери, аналитичари...

Во Волос се одржал Вториот музички симпозиум на црковни псалтки

Во првите денови од ноември во грчкиот град Волос се одржал Вториот музички симпозиум на тема „Жените и...