Почетна Вести Христијанство Вартоломеј: Денешниот настан да се разбере како голем дар на мајката-црква и одговорност за вашиот народ кој влегува во сеправославниот свет
Вартоломеј: Денешниот настан да се разбере како голем дар на мајката-црква и одговорност за вашиот народ кој влегува во сеправославниот свет

Вартоломеј: Денешниот настан да се разбере како голем дар на мајката-црква и одговорност за вашиот народ кој влегува во сеправославниот свет

145
0

Политичкиот живот на црквата е еден благодет кој од време на време решава прашања кои бараат водство, а Великата цариградска црква е мајка на сите останати нејзини чеда и не употребува привилегии за неа туку се жртвува и се моли за сите без дискриминација и учествува во пријатните , но и непријатните моменти на нејзините собраќа и чеда, а денеска тоа се потврдува, порача вселенскиот патријарх Вартоломеј во денешната беседа.

„Наследството и мудроста на светиот дух секогаш беа присутни за да ги поделат благодетите и силата за да ги развие современите настани. за жал чистота на мајката црква понекогаш се соочува со незаинтересираност на земјите-власти да ја поддржуваат и учествуват. Понекогаш има моменти на извртување на вистината и се трудат напишат нова кисиологија кога светоканинските термини се толкуваат произволно тогаш произлегуваат штети за црквата и тогаш се диведува до настани на шизма. Затоа има потреба од воспоставување на автокефални цркви кои нема да дозволат отстапување од живата вистина и ќе усчествуваат во една заедница, во ефхаристија, без духовна и материјална надокнадост“, рече патријархот Вартоломеј.

Вартоломеј порача дека претставува среќа и чест воспоставувањето на целосна црковна заедница административното уредување на црквата.

„Ние сме волни да воспоставиме израз на цела црковна пракса и колку треба во наша моќ да дадеме придонес за разрешување на прашањата. Во рамки на денешното историски сосолужување во овој храм го насочувам зборот кон сите присутни и мои возљубени во Северна македонија, во вашата архиепископоија, на вашите владетели и на владеаните: Живееме во време кога линиот придонес на премиерот Ковачевски и министрите во придружба но и верните чеда на богословената земја го исполнија овој свет храм и дадоа друаг димензија на празникот педестеница, целосна заедница со систе нас и верувам дека денеска значи целосно на разбирање на големиот дар кој го дава мајката црква кон вашиот народ но и одговорноста која ја преземате која произлегува од денеска и која е одговорност пред цел православен свет“, порача Вартоломеј.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *