Почетна Вести Христијанство Ковачевски до Вартоломеј: Верувам дека канонското единство ќе биде крунисано со издавање томос од страна на Вселенската патријаршија
Ковачевски до Вартоломеј: Верувам дека канонското единство ќе биде крунисано со издавање томос од страна на Вселенската патријаршија

Ковачевски до Вартоломеј: Верувам дека канонското единство ќе биде крунисано со издавање томос од страна на Вселенската патријаршија

191
1

На заедничка средба по светата литургија премиерот Ковачевски пред вселенскиот патријарх Вартоломеј порача дека денес е голем историски ден, затоа што после векови Охридската архиепископија сослужува заедно со Вселенската патријаршија. Ковачевски додаде и дека со ова се исправи голема историска неправда.

„Ќе се послужам со зборовите на нашиот архиепископ г.г. Стефан кој на крајот на литургијата кажа дека Охридската древна архипескопија секогаш била рамо до рамо со Вселенската патријаршија, како татко и син, како мајка и ќерка, како брат и брат, сослужител со служител. Затоа денес целиот наш народ, сите наши православни верници со големо воодушевување ја примија веста за ова заедничко сослужување за коешто јас искрено верувам дека после примањето во сослужување и канонско единство на нашата црква ќе биде крунисано и со издавање на томос од страна на Вселенската патријаршија“, рече Ковачевски.

Вселенскиот патријархот г.г. Вартоломеј посочи дека добил покана од премиерот Ковачевски да ја посети нашата земја и изрази надеж дека во еден момент ќе ја има радоста да оствари една таква посета, возвраќајќи му на неговата денешна посета во центарот на православието.

„Бидете уверени сите во Северна Македонија дека нема да ги демантираме вашата доверба и очекувања. Долг на мајката црква е да биде до нив и да им помага на нејзините ќерки, а особено вашата црква која околу шест децении се измачуваше одделена од останатите православни“, рече г.г. Вартоломеј.

Во текот на овие 30 години откако е патријарх, додаде, примил претседатели и премиери од нашата земја, кои сите имале, како што вели, благородна добрина да го поканат за да оствари посетата.

„И секогаш кажувам дека нема да ја остварам таа посета се додека не се оствари заедницата меѓу вас и нас. И ете Бог благослови да ја имаме таа заедница и денес да се причестиме од истиот путир и се надеваме ќе ја имаме таа прилика за посета. На овој голем историски ден го испраќам благословот кон благочестивиот народ на Северна Македонија, посакувам вашата земја да стане член на Европската Унија“, додаде патријархот Вартоломеј.

Коментар(1)

  1. Ovoj Kovačevski e pouspešen vo crkovnata politika otkolku vo državnata. Go predlagač za vikaren na GgStefana.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *