Земјотресот предизвика штети на манастирте во Света Гора – нема податоци за повредени

Date:

Share post:

Големи нарушувања и штети на манастирите, скитовите и ќелиите на Света Гора предизвикал силниот земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала, што се случи вечерва, 11 километри северозападно од Карја, на длабочина 10,6 км, јавуваат вечева грчките медиуми.

Според информациите на Вориа.гр, во Кареја биле бројни пукнатини на зградите, додека делови таваните се одвоиле во манастирот Есфигмен, кој е посветен на Успението на Богородица.

Во моментот на земјотресот во храмот се служела служба на Великиот канон, а и светогорските монаси и поклоници во страв излегле надвор.

-Штети пријавуваат монаси во старите скитови и келии, додека поклониците велат дека земјотресот траел и дека на крајбрежните места бил проследен со татнеж. За јачината на татнежот сведочи и видео кое го објави Вориа, снимено со безбедносна камера, пишува Виора.гр.

-Беше прилично силен земјотрес и почувствувавме дека потресот доаѓа одоздола нагоре. Траеше и нè исплаши. Лустерите се нишаа ваму-таму, а некои ситни предмети паднаа. Потоа следеа земјотреси со пократко траење и послаб интензитет. Генерално, владее вознемиреност“, изјавиле монасите за Вориа.гр.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img