Почетна Вести Христијанство Заев: Се надевам дека многу скоро МПЦ ќе стане дел од единството на православната заедница
Заев: Се надевам дека многу скоро МПЦ ќе стане дел од единството на православната заедница

Заев: Се надевам дека многу скоро МПЦ ќе стане дел од единството на православната заедница

224
0

Свое обраќање пред присутните гости на академијата имаше и претседателот на Владата Зоран Заев кој посочи дека востоличувањето на Охридската архиепископија не значеше создавање нова црква туку светла точка во историјата на континуитетот на христијанството на овие простори што има корени уште од апостолско време.

– Охридската архиепископија претставувала духовно средиште на христијаните и народите што ја прифатиле оваа верска припадност на целата територија на географска Македонија и била обединувачки, надетнички фактор со оглед на фактот што во тоа време Црквата не била обременета со етнофилетизам и не била омеѓена од државните или од границите на кралствата и империите од таа епоха. И како таква таа опстојувала цели седум века се до 17 мај 1767 година кога е укината, а нејзините епархии присоединети кон Цариградската патријаршија – забележа Заев.

Тој укажа дека паралелно со развојот на црквата на овие простори се одвива и историскиот процес на формирањето на македонскиот идентитет кој во поголем дел го присвоил Христијанството како верска определба.

– Сите идни премрежија и опстојби на Архиепископијата се премрежја и на народот кој себеси се идентификува како македонски и кој ја започнува својата исконска и егзистенцијална определба да го избори своето место како рамноправен, признаен и прифатен европски народ со автентичен идентите…, рече меѓу другото премиерот.

Заев нагласи дека денес се чествуваат десет векови поврзаност на македонскиот народ со колевката од која произлезе духовната сувереност на народот собран околу идејата за своја држава за која и се избори. Тој забележа дека никој денес не може да го порекне, отфрли тој посебен однос меѓу Охридската архиепископија и народот во РМ. Однос изграден на длабоки врски и почит со наследството што православните христијански верници го негуваат со Охридската архипеископија, со МПЦ која иако се соочува со бројни искушенија никогаш не посегнала по туѓо, а на својата афтокефалност се повикува како што на неа се повикуваат сите помесни православни цркви денес.

– МПЦ – ОА е жива црква со полн духовен раст. Искрено се надеваме дека многу скоро ќе преовлада христијанската љубов и добрата волја и дека МПЦ ќе стане дел од единството на православната заедница. Повторно ќе се повикаме на вредностите на древната Охридската архипеископија која била духовната обединителка на православните народи и уверени сме дека нејзиниот дух возобновен во МПЦ ќе прерасне во алка на помирување и обединување околу изворните принцпипи на заедништвото на православната црква – истакна премиерот Заев.

Чествувањето на јубилејот продолжува утре со празнична златоуста литургија од 9 часот во „Света Софија“ со која ќе чиноначалствува архиепископот Стефан во сослужение на членовите на Светиот синод на МПЦ. Се очекува на литургијата да присуствуваат и претставници на највисокото државно раководство.

/plusifo.mk

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *