Почетна Вести Христијанство Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пред да ја признае црквата добил писмо од Ковачевски
Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пред да ја признае црквата добил писмо од Ковачевски

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пред да ја признае црквата добил писмо од Ковачевски

597
1

Премиерот Димитар Ковачевски пред два месеци испратил писмо до Вселенскиот патријарх Вартоломеј,  во кое бара признавање на Македонската православна црква, бара благослов за неговиот мандат и му го  честита јубилејот 30 години Вселенски Патријарх и 60 години славно свештенодејствие. Но, валдата ова писмо го обелодени денеска, два дена по одлуката на Вселенската патријаршија да го признае канонскиот статус на МПЦ-ОА.

,Добро сме запознаени со црковната состојба во која се наоѓа нашата земја, но и добро знаеме за исклучителното право на вселенската патријаршија да прима еклитон, кон кое веќе еднодушно, и црквата и државата, прибегнавме.стои во во писмото. Понатаму Ковачевски пишува за очекувањата на македонскиот народ за решавање на црковниот проблем.

,, Мојот народ и црква очекуваат во скоро време да нѐ примите во евхаристиско единство со мајката црква, како прв чекор кон конечното решение на нашиот црковен проблем. Се надеваме дека во догледно време, преку решавањето на останатите административни проблеми, тоа конечно ќe доведе кон автокефалија на нашата црква, којашто ние ја разбираме како единство со сите помесни православни цркви преку послушанието и почитта кон првопрестолната вселенска патријаршија во константинопол.премиерот во писмото напоменува и дека Македонија поминува низ клучни историски моменти.

Ви ја бакнувам вашата света десница, просејќи го вашиот благослов и ставајќи го мојот мандат на располагање за соработка и помош во решавањето на нашето долгогодишно црковното прашање. Посакувам новата 2022 година да биде успешна и плодотворна, година историска и славна, година на единство и заедништво3, се наведува во писмото на Ковачевски до Вартоломеј.

Коментар(1)

  1. “Мојот народ и црква очекуваат во скоро време да нѐ примите во евхаристиско единство со мајката црква, како прв чекор кон конечното решение на нашиот црковен проблем.” – Ковачевски свака част.

    Само не ми е јасно што вртите околукуќи вие од пц – оа, кога знаете каде е вратата¿ Ако не, пак, прашајте. Кога знае Ковачевски, јасно им е и на други, само на мнозинството владици, не?

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *