Во Калифорнија откриена биста на рускиот цар Николај II Романов

Date:

Share post:

Во храмот „Сите руски светители“ на Руската задгранична православна црква (РЗПЦ) во Берлингејм, Калифорнија, беше откриена и осветена биста на светиот царски маченик Николај II.

Свеченоста се одржа на 14 јуни, на Неделата на Сите руски светители, по Божествената литургија со која чиноначалствуваше епископот Сиетлски Петар.

Бистата е изработена според проект на познатиот руски скулптор Вјачеслав Кликов, а нејзиното поставување е реализирано со поддршка на семејството Генералов.

Храмот „Сите руски светители“ во Берлингејм е едно од духовните средишта на Руската задгранична православна црква во западниот дел на САД и обединува потомци на руските емигранти, понови доселеници од поранешниот Советски Сојуз, како и православни верници од американско потекло.

Рускиот цар Николај II, неговата сопруга царицата Александра, нивните пет деца и верните придружници беа убиени од болшевиците во Екатеринбург во јули 1918 година. Руската задгранична православна црква ги канонизираше како свети царски маченици во 1981 година, додека Руската православна црква (Московската патријаршија) ги приброи во ликот на светите во 2000 година, прогласувајќи ги за свети царски страстотрпци.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img