Високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и претставници на велешната локална власт биле во посета на Повардарската епархија, каде што оствариле средба со митрополитот Повардарски г. Агатангел.
Средбата се одржа во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, а во црковните простории со митрополитот разговараа генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, градоначалникот на Велес Марко Колев, пратениците Игор Здравковски и Александар Јамалов и претседателот на Советот на Општина Велес Даниел Јаневски.
Според Повардарската епархија, на разговорите биле отворени теми поврзани со соработката меѓу Црквата и институциите, зачувувањето на духовните и културните вредности, но и прашања поврзани со подобрувањето на животот на граѓаните во Велес и регионот.
Од Повардарската епархија средбата ја опишаа како пријатна, а митрополитот Агатангел на гостите им посакал успех и мудрост во нивната понатамошна работа „за доброто на народот и татковината“.

