Почетна Вера ВИДЕО: Тргна иконата од Света Гора за Македонија

ВИДЕО: Тргна иконата од Света Гора за Македонија

4.71K
0

Неколкумина струмичани денеска ја презедоа копијата од чудотворната икона на Пресвета Богородица „Брзопослушничка“,од Манастирот Дохијар на Света Гора во Грција и таа е на пат кон Струмица, Македонија.

ikona straИконата во Струмица ќе пристигне утре, а претходно ќе помине во Солун, каде ќе биде осветена во Православна црква.

Со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, утре ќе се одржи свечена литија низ градот Струмица. Литијата ќе почне во 13:00 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ и ќе се упати низ булеварот „Маршал Тито“ до кружен тек кај ЕВН Македонија, продолжува кон „Чурлински мост“, оттаму ќе продолжи до нејзиното вечно седиште, Манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица.

Иконата на градот Струмица му ја подарува светиот игумен на Свештената Обител Дохијар од Света Гора, Старец Григориј со своето во Христа братство, во знак на спомен на чудото што Пресветата Владичица наша Богородица го направила минатата година над 18-годишно немо момче од Струмица, враќајќи му го говорот во целост.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *