Почетна Вести ВИДЕО: Рускиот патријарх летна за Куба

ВИДЕО: Рускиот патријарх летна за Куба

247
1

Рускиот патријарх Кирил утрото на 11 февруари заминал за Јужна Америка каде, утре на аеродромот во Хавана, Куба ќе оствари историска средба со Папата Франциск.

Како што веќе објави „религија.мк“, на средбата ќе се разговара за прогонот на христијаните во конфликтните подрачја, а особено на Средниот Исток, за што веќе е готов и текстот на декларацијата што двајцата поглавари треба да ја потпишат.

На Москва и Ватикан им беа потребни 20 години за да се согласат за средба на неутрален терен кој би бил погоден за таква средба. Помеѓу местата за средба се споменуваа и Австрија и Унгарија, но на крај сепак беше договорено средбата да се одржи во Куба.

Средбата помеѓу главните претставници на двете најголеми христијански цркви ќе биде историски чекор за приближување на Западната и Источната Црква од времето на поделбата во 1054-тата година.

Погледнете го испраќањето на аеродромот во Москва

Коментар(1)

  1. Што се случува со руската црква?Со наводни расколници не општат а со Еретици потпишуваат екуменистички декларации,дали апокалипсата е на прагот!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *