Почетна Вести Католички свештеник бил дел од ланец на перење пари
Католички свештеник бил дел од ланец на перење пари

Католички свештеник бил дел од ланец на перење пари

145
0

Римокатолички епископ, 64-годишниот монсињор Патрицио Бенвенути, е уапсен под обвинение дека 300 лица, преку измама зел милиони евра: Парите ги влечел преку организирана  шема за перење пари.

Италијанската полиција соопшти дека Епископот Бенвенути, кој по потекло е од Аргентина, е во домашен притвор, а издадена е меѓународна потерница по француски агент за продажба на недвижнини, 54-годишниот Кристијан Вентисет, кому се уште не му е откриена трагата, објави француската полиција.

Бенвенути и Вентисет, според полицискиот извештај, успеале да измамат 300 потенцијални штедачи во Франција, Белгија, Швајцарија, Луксембург, САД и Италија, на тој начин што ги убедиле да вложат вкупно 30 милиони евра, со објаснување дека истовремено им помагаат на добротворните фондации.

Епископот за „Ројтерс“ рекол дека не знаел на кој начин работите функционираат, префрлајќи ја вината врз Винтисет.

-Парите исчезнаа, но не се во мојот џеб, ниту во сопственост на фондациите, туку во џебот на лицето коешто сите нас не насамари“, изјавил Бенвенути.

Жртвите на измамата верувале дека заштедата им ја доверуваат на стручњаци од секторот финансии и недвижнини. Полицијата објасни дека ги привлекло и ветувањето на Бенвенути дека со вложувањата ќе помогнат на добротворна фондација, којашто според него ја поддржувале и високи функционери во Ватикан.

Истрагата била отворена откако поранешна чесна сестра, која соработувала со Бенвенути, на полицијата и пријавила дека добила банкарски документи кои покажуваат пренос на стотици илјади евра, што таа не можела да ги објасни.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *