335
0
Македонската православна црква утре го чествува Успението на Пресвета Богородица, празник кај народот познат како Голема Богородица. Овој празник масовно се слави во сите делови на Македонија, вообичаено со вечерни литугии и поноќни бденија.
Во Скопје традиционално тоа е во манастирот во Матка, каде вечерва имаше вечерна литургија и полноќно бдение. Утре на празникот ќе служи, Архиепископот г.г Стефан.
За значењето на празникот зборува Сестра Доротеа, од манастирот во Матка. Погледнете го видеото.