„Руската пропаганда не ме плаши. Не се плашам ниту од лажните и фабрикувани информации што ги шират, ниту од валканите напади организирани од нивните различни агенции, ниту од клеветите насочени против нашата Патријаршија и мојата личност, ниту од руските интернет-тролови, ниту од нивните веб-страници–гласноговорници.“ Ова во интервју за „Та Неа Саватокириако“, го изјавил Вселенскиот патријарх Вартоломеј, на прашањето „дали се чувствува вознемирен или исплашен од руските напади насочени лично кон него“.
Вартоломеј посочил дека што и да прави руската пропаганда за да ја искриви вистината, таа не можат да ја сокријат.
-Не се плашам од нив. Напротив, тие треба да се плашат од Денот на Страшниот суд, ако навистина веруваат. Освен за многу други нешта, ќе одговараат и за војната во Украина, како и за тоа што ја нарекуваат „света“, но и за нивните обиди да го разбијат единството на Православието, користејќи сталинистички пропагандни тактики насочени кон контролирање, потчинување и манипулирање со православните народи, изјавил Вартоломеј.
Говорејќи за напредокот на мировните преговори околу Украина, Вселенскиот патријарх Вартоломеј нагласува дека постојано се моли за прекин на војните и конфликтите во секој дел од светот.
-Од самиот почеток ние бевме со украинскиот народ, кој минува низ тешки искушенија како резултат на руската инвазија. Нашата солидарност не се однесува само на нашите православни браќа и сестри, туку и на сите Украинци кои со храброст и решителност, како еден нов Давид исправен пред Голијат, ги бранат светите вредности на својата татковина и се спротивставуваат на силите што се обидуваат да ја потопат Украина во мракот на понижувањето, експлоатацијата, потчинувањето и ропството, вели Вартоломеј.
Тој потсетува дека е вознемирувачко е тоа што архитектите и поддржувачите на таканаречениот „Руски свет“ не се двоумат да ги инструментализираат религиозните чувства и да ја изопачуваат православната теологија и традиција, нарекувајќи ја оваа војна „света“.
-Како што сум изјавувал и порано, исто толку сум огорчен и од фактот што значајни црковни личности ги прифатија и ги повторуваат овие нечестиви и еретички ставови, очигледно потклекнувајќи под диктатот на политичките власти, а можеби и во замена за повеќеслојната поддршка што им ја обезбедуваат различни пропагандни механизми и служби. Не, категорично изјавувам: оваа војна не е света! Таа е освојувачка. Таа е целосно демонска, производ на суетни личности зависни од опиумот на власта, вели Вартоломеј во интервјуто.


Ах, дојдовме и до “украинските свети вредности”.
Но, кои?
Обидот преку ноќ да се стане некаква поголема европска сила? Ненаситната алчност и незапирливите амбиции со рискантно политичко коцкање на нивната врхушка да се приграбат што поголеми дивиденди од протокот на руски гас низ рускиот гасовод на украинска територија, со невидени меѓународни процокации за разгорување антируска војна најмалку од Мајдан до февруари 2022 г.? Долгогодишната кампања против рускиот јазик и култура кон домицилното население заради вештачко јакнење на својот јазик и култура, кое сепак тешко оди.
Скандалозната корумпираност и проневерувањето на огромни финансиски средства од евроатлантската помош?
Од був сокол? Не се случи.
Еве ги вредностите:
Бомбардирање (од 2014 г.) на невиното население на богатиот со шкрилци за производство на течен гас Донбас заради нивниот протест против државниот удар на Мајдан и против странска експлоатација на тие наоѓалишта, која повеќе од веројатно би ја направила областа еколошки неодржлива (со оглед дека таа експлоатација се врши со тешки експлозии кои резултираат со тектонски пореметувања на земјиштето и создавање на трустни, сеизмолошки ризични подрачја)? Создавањето цели детски гробишта во непокорниот Донбас заради тој отпор од 2014 г. наваму? Воскреснувањето на нацистичкото херојство на Стефан Бандера во недостиг на автентични украински историски фигури од некаква револуционерна борба за украинска самобитност? Или отварањето и интензивната активност на бројни биолаборатории за иновации во областа на биолошкото оружје на американска територија под американска капа? Зарем се’ уште кружи наративот за кинеското потекло на Covid-19? Зарем и просветлениот Цариградски Патријарх им се подава на измамливите информации на своите геополитички сојузници со кои одвреме-навреме сади големи тикви отворено и јавно, а потоа одеднаш станува глув и слеп за се’ светско (а за она што е тајно нема да кажеме ништо, знаејќи дека според Христовото ветување и онака ќе стане јавно)? Прогонувањето на православните христијани од руско потекло од храмовите, одржувањето бизарни театарски претстави во тие одземени храмови, отворената бласфемија пред кивотите со Свети мошти по црквите, апсењето на архиереи и монаси од вековните руски светилишта на територијата на денешна Украина, и уште многу други “вредности”.
Многу свет Давид исправен пред Голијат!
Но, Цариградската Патријаршија одамна ги релативизираше нацистичките “вредности”. Во прекрасен документарец за Света Гора на пример монахот презентер на нејзината вековна историја смирено ја истакнува толкавата возвишеност на Света Гора раскажувајќи дека дури и Хитлер за време на своето владеење им испраќал огромни донации на нејзините манастири. И тие ги прифаќале. Тоа е старото добро византиско толкување на Христовото ветување ‘оној што доаѓа при Мене нема да го набркам’ (Јован 6, 37).
И самата прозападна ориентираност на Цариградскиот Патријарх како наратив во одбрана на западните вредности е чудна. Едно е да се има големо стадо во Новите земји, а наполно друго идеологијата на тие Нови земји да ви стане подрагоцена од благобитието на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква и од добробитието на милиони православни христијани во една огромна традиционално православна земја.
Не е можно христијанка да ја одобрува руската агресија, жално. А како Македонка, ставот е катастрофален. Даваш легитимитет истото да го направат и албанците, бугарите, во име на одземени национални права
Христијанка… Има една проста песна од Жељко Бродариќ Јапа, би рекла дека ви е однекаде позната.
Но еве за секој случај:
Ja obozavam kad izlezavam se
i mislim na valove
i da dremuckam i da sanjarim
u sumi s palmama
Pusim kubu
i pijuckam kavu iz Salvadora
gutam reklame, ljustim banane
Ref.
Jer majmun radi sto majmun vidi
i majmun radi sto majmun vidi
majmun radi sto majmun vidi
Ja nisam rodjen, samo sam ispao
mislim na valove
mjesto pod suncem
ulje za suncanje
i lampa za kvarcanje
Izgubljen sam u non-stopu
valcera i komercijalnih ploca
gutam menbuton
i ljustim alkohol
Ref.
Ja obozavam kad izlezavam se
mislim na valove
mjesto pod suncem
ulje za suncanje
i lampa za kvarcanje
U supermarketu izgubljen
izdaju me ogledala
ponekad vidim sto majmun radi
al’ majmun radi sto majmun vidi
I majmun radi sto majmun vidi
dal’ majmun vidi sta majmun radi