Црковниот портал на МПЦ-ОА објави вест за опелото на Младиќ – ниту збор дека е осуден воен злосторник

Date:

Share post:

Официјалниот сајт на Македонската православна црква – Охридска архиепископија објави вест за опелото на Ратко Младиќ, што денеска во Белгад го изврши патријархот Порфириј.

Во објавата на официјалниот црковен сајт, Младиќ е претставен како „генерал“ и „командант на Војската на Република Српска“, а во целост се пренесува беседата на патријархот српски Порфириј од неговиот погреб во Белград.

Ниту во насловот, ниту во текстот на објавата на МПЦ-ОА нема информација дека Младиќ е правосилно осуден за геноцид и други воени злосторства.

Напротив, преку пренесувањето на беседата на Порфириј, на официјалната страница на МПЦ-ОА до македонската јавност стигнува сликата за Младиќ што ја испрати Српската православна црква – како „христијанин“, „војник и командант“ кој се борел за „слободата, одбраната и опстанокот на својот род“.

Зошто официјалниот медиумски канал на МПЦ-ОА воопшто има потреба да објавува вест за погребот на Ратко Младиќ е сериозна дилема.

1 COMMENT

  1. Црквата не се занимава со воени судови и осуди, особено не на денот на погребот на еден човек. За Црквата сите сме грешни, сите сме разбојници; колку посвет е православниот христијанин, за толку погрешен се смета себеси од најголемиот (осуден или не) злосторник. А во војна, оној што е херој и бранител за едните, крвник и злосторник е за другите (меѓу завојуваните страни).Ниту Црквата е билтен, службен весник за објавување судски пресуди.
    Каков бил генералот Ратко Младиќ за српскиот народ може да се види од неговиот закоп, од илјадници гестови на неговите сограѓани, од лицата на присутните на тој закоп. Секој народ има право да си ги погреба со чест своите челници, заштитници итн. ако чувствува дека чест им прилега. Последниот суд за секого е Божјиот.
    Особено не можеме да превидиме коклку длабоко Патријархот Порфириј го доживеа испраќањето на генералот Ратко Младиќ во вечноста. Лично, одвај му го препознав лицето.
    Она што се’ уште им претстои на југословенските народи од таа војна е повторно да се препознаат меѓусебно како браќа, ако не по вера, барем по човечност и надеж.
    Што се однесува до меѓународните судови, особено за процеси што имаат политичка тежина…
    Неодамна доживеав лична неправда од страна на грчката гранична полиција, тотално незаконско постапување со мене, неосновано наметната висока казна итн. Се досетив да снимам со мојот мобилен телефон, полицајците почнаа да ми ги виткаат рацете за да ми го одземат, но замолкнаа пред моите навреди кон нив, значи снимката се’ уште ја имам. Постои Стразбур, постојат многу инстанци. Веројатно постои и голема можност еден таков спор да добијам, но не сум човек кој ги сака судските процеси и кој и’ се доверува на човечката правда.
    Кој навистина може да посведочи што навистина се случило меѓу мене и двајца грчки полицајци во нивната зафрлена канцеларија, а камоли што навистина се случило во вртлогот на последните југословенски војни, под какви околности, влијанија, притисоци итн. Неблагодарно е да се тврди нешто на кое само Бог му го знае почетокот и крајот.
    Некогаш завојуваните југословенски народи имаат право на љубов и меѓусебна прошка. Имаат право и да ги паметат секој своите херои според сведоштвата што ги оставиле во нивните срца.
    ЕУ практиките на препишување и шминкање на историјата нема да користат никому. Тоа се оресуди од растојание. Ниту наредбите за лишување од почести на историски личности коишто Хашкиот трибунал ги оквалификувал вака или онака имаат вистинска, жива вредност.
    Впрочем, генералот Младиќ долго и тешко си ја отслужуваше земната казна. Небесна казна ниеден суд не може да наложи, освен Божјиот. Нека му е вечна славата во Царството Божјо! Биг да го прости и вброи меѓу Своите праведници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img