Тројца владици од помладата генерецаија на МПЦ-ОА, денеска служеа литургија за Младенци, празникот посветен на ,,Св. 40 Севастиски маченици”.
Домаќин беше Тетовско-гостиварскиот митрополит Јосиф, а литургијата се одржа во Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“- Гостивар.
Со литургијата чиноначалствуваше митрополитот Европски Пимен, а покрај Јосиф, му сослужуваше и митрополитот Брегалнички Иларион.
Митрополитот Пимен на крајот од Литургијата се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.






