Светогорскиот игумен Алексиј, Старец на свештената Обител Ксенофонт, во интервју за „Етникос Кирикис“, грчки весник во Америка зборува за пандемијата со Ковид 19, како и за последиците и штетноста од антиваксерксите пропаганди, пренесува „Вима Ортодоксиас“.
Светогорскиот старец потсетува дека недостојно е здравствена тема да се претвара во критериум за верата. Од самиот вирус не е во опасност Верата, туку самите верници.
Игуменот, кој ја поддржува вакцинација, во интервјуто вели дека разни гласови сакаат да предизвуикаат збунетост и поделба во народот.
-И така сите се најдовем пред една жална реалност секодјневно да броиме десетици жртви. И на Света Гора опалакуваме жртви. Недостојно е една здравствена тема да се претвара во критериум за верата. Да кажуваат некои дека тие што ќе се вакцинирале нема да се спасат, колку штетно и лекомислено судење. Не треба да заборавиме дека како што се за секоја телесна болест пребегнуваме кон лекар и ги следиме терапевските третмани што ни ги даваат, зошто и за овој вирус што покосува човечки битија да не го користиме лекот што ни го даде Бог преку науката. Да го спречиме ширењето на пандемијата, вели во интервјуто Светогорскиот игумен Алексиј.