Почетна Вести Христијанство Сугарески и Спасовски ветија поддршка за брза обнова на манастирот Трескавец
prilep tres
Prilep tres 2
prilep tres 1
prilep tres 3
prilep tres 4
prilep tres 5
prilep tres 6
prilep tres 7

Сугарески и Спасовски ветија поддршка за брза обнова на манастирот Трескавец

563
0

Министерите за транспорт и врски, Горан Сугарески и за внатрешни работи, Оливер Спасовски биле во посета на манастирот Трескавец во увид на текот на изградбата на опожарените конаци.

Со нив бил и новиот градоначалник на Прилеп, Илија Јованоски и прилепските пратеници од СДСМ,  Хари Локвенец и Кети Смилеска.

Монахот Калист кој живее во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Трескавец им ги пренел информациите за градежните активности околу обновата.

Градоначалникот Јованоски и министрите ветиле максимална заложба за побрзо финиширање на градежните работи и враќање на стариот сјај на манастирот.

Во соопштението од општина Прилеп стои дека исто така било ветено дека ќе се даде и поддршка за што е можно побрзо реализирање на проектот за заштита и конзервација на црквата, старата трпезарија, кои што се во многу лоша состојба, особено фрескоживописот што датира од 14 век.

Во текот на историјата манастирот е опожаруван неколку пати. Последен пат конаците изгореа на 4 февруари 2013 година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *