
Српскиот патријарх ќе служи во Осоговскиот манастир, што владиката Григориј ќе му раскаже за скеврнавењето на фреските
Српскиот патријарх Порфириј и Архиепископот Стефан на 29 август, на денот на Свети Јоаким Осоговски ќе отслужат заедничка литиргија во манастирот посветен на овој светител крај Крива Паланка.
Настанот е во организиација на Кумановско-осоговската епархија на МПЦ-ОА. Засега нема информации кој се друг од владиците на МПЦ-ОА и на СПЦ ќе учествува во оваа литургија освен домаќинот владиката Григориј.
Српската православна црква во нејзиниот Томос за автокефалност, што пред година и половина и го издаде на МПЦ-ОА напиша дека и ги отстапува на управување своите црковно-манастирски објекти кои се дел од српското духовно наследство. Еден од тие објекти, што СПЦ ги смета за свои, е и Осоговскиот манастир, изграден во 13 век со дозвола на сропскиот крал Стефан Урош Втори. Неговата фреска се наоѓа во манасторот, заедно со уште неколку други фрески на српски владетели.
Во 2020 година, здружението на Србите во Македонија, СПОНА, објави скандалозна инфромација за сквернавење на фреските во манастирот на тој начин што некој ги преименувал сите фрески на српски светители со имиња на сосема други светители. Меѓу нив фреската на Стефан Урош Втори беше преименувана во „Свети Цар Јован Милостив“. По острата реакција, надлежните во епархијата повторно ги вратија старите имиња на фреските.
За настанот сигурно е известен и сегашниот Патријарх на СПЦ, Порфириј. Сосема логично е тој да се интересира за историјата на овој инцидент. Што ќе му одговори Владиката Григориј, надлежен за манасторот, веројатно ќе остане тајна за јавноста.
Кој и како влегол во манасторот и со денови вршел фалсификат интервенции на фреските, јавноста не дозна. Не дозна веројатнио затоа што премногу наивно е да се верува дека некој тоа го работел без да знае раководството на епархијата.
Очигледен е трудот на извесни аналитичари на овој портал да ги разнишаат односите меѓу МПЦ-ОА и СПЦ. Молитвеник за информации? Тешко.
Освен тоа, во Православната Црква храмовите Божји никогаш не остануваат материјално наследство на нивните ктитори или на наследниците од кој било вид, или на кое било колено; многубројни храмови доживуваат во текот на историјата многу поголеми промени во фрескописот, архитектурата итн. од случајот за кој зборувате во Манастирот на Св. Јоаким Осоговски (ако информациите воопшто се веродостојни). Црквата Св. Софија (Храмот на Светата Премудрост) во Константинопол (денешен Истанбул) на пример е изградена од македонски цар, од Св. Цар Јустинијан. Сметате ли дека кој било Охридски Архиепископ во историјата побарал објаснување од Цариградскиот Патријарх за радикалните промени што ги претрпела во текот на историјата? Не верувам. И да се разговарало, затрогнувањето на тие прашања многу ретко е духовно целисходно. Поимот ‘јурисдикција’ меѓу другото токму тоа и го означува: правото на надлежниот Епископ да одлучува за изгледот, функционалноста, распоредот на богослужењата, чредите на свештенството, условите за монашки живот, типот на гостољубието (во согласност со аскетскиот подвиг на монашката заедница којашто се подвизува таму) и многу други нешта. (Ова се однесува за сите црковни храмови и манастирски комплекси во неговата епархија, од сеедно кој историски период.) Сите тие аспекти си имаат свои значајни духовни димензии, а нив ги осмислува Бог преку полнотата на даровите на Светиот Дух содржана во дарот на надлежниот Архиереј, која е во сооднос со неговите конкретни лични својства и на богоспасуваното Стадо на нејзините простори. Инаку, мислам дека не постоело преименување на фреските како што велите, туку попрво за испишување на имињата на Светителите на македонски јазик од пастирски причини. Бог да ги благослови Блажените и Свети Отци наши кои се грижат за спасението на нашите братски народи!
Da se nadevame deka toa poveće nema da se slučil.
Овој Ангелина со сила се прави луд или е… па не бива да се кажува нешто и да се мисли дека се изнесува аргумент. Како тоа во јурисдикциска принадлежност на епископ спаѓа да му го смени името на Стефан Дечански во св. Христифор на пример. Што не го преслика целиот фрескопис, како што се правело низ историјата, а не омиња ќе менуваш и добиваш ситуација како на некој да му се смени името во Сашка, а се вика Ангелина и народот тој лик, на кого му се обраќал, знае дека е Ангелина. Многу ова некако во манирот на промените (на полот) што некои денес ги заговараат. А да не зборуваме за објаснувањето на епархијата тогаш како “некој ги сменил имињата, а тие не знаеле дека тоа се случува”. Дека пред нос и дома им се случува со денови. Ако е вистина, тоа отвора прашање – каде бил толку време и тамошниот пензиониран епископ и вработените и дали во случајот се способни за таква одговорност.
А оној псевдоаргумент за Јустинијан е врв на декаденција, типично националистичко трескање на необразован човек од 21 век за работи од 5-6 век. Во тцојот случај, Јустинијан ќе треба да си си ги скине и сите напишани работи, зашто како Македонец ги пишувал на ромејски. Или како бе тоа Охридскиот Архиепископ да му рече нешто на Вселенскиот за нешто што прво не го засега, а потоа и за време во кое тој не постоел? Страшно. Страшнооо
Ќе му раскажува ама не за фреските. Некои руски бајки ќе бидат на репертоарот. После несреќата на Пригожин стравот се повеќе лозјето ќе го чува. Уствари прашањето е “кој е следниот што ќе го одбере бостанот.” Фреските се сосема неважни во приказнава.