Во меѓународното списание Occasional Papers on Religion in Eastern Europe е објавен трудот “Ideology and Law in Tension: The Macedonian Socialist Model of Secularism and Its Constitutional Legacy” од проф. д-р Александар Спасеновски, од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Трудот го анализира македонскиот модел на секуларизам во периодот на социјализмот, односно односот меѓу државата и верските заедници во Македонија од 1945 до 1990 година, во поширокиот контекст на Федеративна Југославија.
Основната теза е дека овој модел бил обликуван од судирот помеѓу марксистичкиот атеизам како официјална идеолошка доктрина и уставните гаранции за слобода на вероисповед.
Иако уставните текстови формално ја потврдувале одвоеноста на државата од религијата и верската слобода, законската регулатива и политичката практика ја ограничувале јавната улога на религијата.
Еден од заклучоците е дека социјалистичкиот модел на секуларизам не може да се разбере само како правна одвоеност меѓу државата и религијата, туку и како идеолошка рамка преку која државата ја определувала дозволената јавна улога на верските заедници. Трудот се осврнува и на прашањето колку ова наследство продолжило да влијае врз разбирањето на секуларизмот во Македонија по 1991 година.
Целосниот труд е достапен на ЛИНКОТ ОВДЕ

