МПЦ-ОА го одбележа денот на Светте Константин и Елена со литургија во храмот посветен на двајцата светители во центарот на Скопје, во сослужение со Ерусалимската патријаршија.
Гостин на архиепископот Стефан на денешната литургија беше митрополитот на Востра и Егзарх на Светиот Гроб Христов за Кипар Тимотеј, Заедно со нив сослужуваа и митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф и митрополитот Австралиско-новозеландски Никола.
Ова е прво сослужување на владика на Ерусалимската патријаршија со МПЦ-ОА во Македонија.
Митрополитот Тимотеј е на поклоничко поатување во Македонија, заедно со уште триесетина верници и клицири на Ерусалимската патријаршија.














