Здружението што ги организираше протестите за Вучиќ во Куманово, ќе организира детски православен камп во Охрид

Date:

Share post:

Здружението, Мир, Слога, Стабилност, кое ги организираше протестите во Куманово за поддршка на Александар Вучиќ, ќе организира и детски православен камп во Охрид. За тоа добиел и благослов од Дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј.

Веста за одржување на кампот од 22 до 29 јуни во Охрид, здружението ја има објавено на својата Фејсбук страница, проследена и со фотогравија од средбата со митрополитот Георгиј.

-Со благослов од Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, можеме да ви го најавиме детскиот православен камп во Охрид!  На остварената средба беа прецизирани деталите поврзани со реализацијата на православниот детски камп, кој ќе се одржи од 22 до 29 јуни во Охрид. Благодарност за поддршката изразуваме и до конзулот на Република Србија во Охрид, г-дин Михајло Филев. Со заедничка посветеност продолжуваме да создаваме содржини и искуства кои ги негуваат духовните вредности, заедништвото и грижата за младите, стои во објавата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img