
Архиепископот Албански Анастасиј е еден од малкуте луѓе што имаат успеано да бидат познаени само по своето име. Често ќе чуеш некој да вели Архиепископот Албански, или Претстојателот на Црквата на Албанија, или Архиепископот Анастасиј… Само Анастасиј, и се разбираме.
Ова познавање, секако, не се случи туку така. Овој човек помина низ многу положби, презеде особени, честопати опасни мисии и скоро секогаш ги приведуваше до крај со огромен успех. Од причини што некогаш можеби ќе ги објасни историчарот од иднината – бидејќи јас не успевам, а посекако тоа и не е предмет на колумнава – повеќето проблеми во неговиот пат му беа предизвикани од неговите браќа, од црковните. И, се разбира, во очите на многумина секогаш ја носеше и продолжува да ја носи „дамката“ на своите црковни почетоци. Произлегува од „Зои“. „Зоаш“ е, „организациски“ е[1].
Овој, значи, „зоаш“ во 1992 година ја презеде одговорноста да ја воскресне Црквата на Албанија. Секако, некои го претставуваат како „подарок“ тоа што Вселенскиот Патријарх го направи Анастасиј претстојател на една автокефална Црква, но ако си спомнеме што доби Анастасиј кога беше избран за Архиепископ, мислам дека ќе сфатиме дека овој дар потсетува на слободата што ја добиваа ретките гладијатори. За среќа е што тогаш Анастасиј беше среде оние за избор на Патријаршијата, зашто ако беше избран некој друг…
Од 1992 година, со упорност, љубов, посветеност и… многу, ама навистина многу помош од Грција (добро е сѐ да се каже), Анастасиј повторно го направи своето чудо. Црквата на Албанија не само што воскресна, туку стана подобра и од тоа што беше во времето на својата слава.
Во август 2017 година, по повод осветувањето на хидроцентралата што Црквата на Албанија ја изгради за да има економска независност (потоа беше изградена и втора), имав можност одблизу да го видам делото на Анастасиј. Барем еден дел од него.
Беше истата година кога во Атина повторно беа отворени вратите на обновениот соборен храм, кој се поправаше после земјотресот од 1999 година. Значи – седум години по издигнувањето на Анастасиј на архиепископскиот престол на Тирана во 1992 година. Значи, додека ние во Грција, крајно пријателска кон Црквата, низ целиот овој период се боревме да го поправиме нашиот веќе постоечки соборен храм, Анастасиј успеа да изгради една цела Црква. И овде многу добро одговара познатата поговорка: „едно е да ви кажувам, друго да видите сами“.
Но, зошто ви го кажувам сево ова? Зашто, за жал, поради брзината на нашето секојдневие, забораваме многу работи и, уште повеќе, ги одминуваме. Како, на пример, што го одминуваме фактот дека Архиепископот на Албанија, Анастасиј Јанулатос, е еден човек што секој ден, со секое свое дело, со секоја своја одлука, со секое свое движење, со секој свој знак, пишува историја. Архиепископот Албански со своите дела произведува завршени и конечни нешта. И ако Црквата би имала арсенал, тој ќе беше нејзиното тајно оружје. За жал, многумина од нас го одминуваме ова, а тоа не е добро.
И знаете кој друг уште го заборави ова? Кој не го измери правилно и не ја пресмета ширината на грешката на Архиепископот Албански? [Самиот тој] Анастасиј!
Зашто ако Анастасиј ја имаше сфатено широчината на динамичноста на своето име и тежината на своите зборови, немаше да се однесува така кон прашањето на украинската автокефалија. Немаше да им дозволи на Русите да ги употребуваат неговите збор и став како евтини медиумски тертипи. Немаше да си дозволи да влезе во процес на расправија со Американскиот Архиепископ на начинот на којшто влезе. Ќе издржеше да не влезе во процес да се занимава со своеволниот поп од Крит. Ако Анастасиј ја имаше сфатено својата величина, не ќе си дозволеше себеси да се најде во толку погрешна положба во едно историско случување толку значајно за целиот православен свет.
Последниве години светот се менува. Православието поминува низ една криза од огромни размери. Можно е раните што се отвораат, никогаш да не се затворат, а и ако се затворат некогаш, ние сигурно нема да доживееме да видиме.
Да не бидам погрешно разбран – правилниот став не е оној што го воспева Вселенскиот Патријарх и не ги гледа неговите случајни грешки. Не! Правилниот став е оној на којшто застана во 1992 година. Ставот на човек што го гради она што други не успеаја, а не на оној што фрла камења заедно со толпата.
Украинската автокефалија, хиротониите на украинските клирици и нивното лекување и сите оние работи за кои Анастасиј има изразено став, за жал, повеќе не се предмет на расправа. Можеби се само врвот на ледената санта, но под површината се крие еден ѕвер.
Радикализирање на Православието. Крајности и зилотизам. Етнофилетизам. Бесконечна злоупотреба на верата и на Црквата. Една војна која ги проголтува невините и во позадина како да ни се приближува еден раскол рамен на оној од 1054 година. И сето ова во ерата на дигиталната револуција и на вештачката интелигенција.
Се плашам дека овој прекрасен ум, овој динамичен Пиреец, кој каде што помина остави дело што тешко може да се повтори, е веќе остарен. И на свои 93 години си дозволи да се изнервира, да се разјари, да се огорчи за ситници. За првпат се спушти на нивото на своите осудувачи и, наместо да им даде одговори преку своите дела, тој беше повлечен во нивната игра. Но, овде каде што стигнавме, не постои простор за таков раздор; не можеме да си дозволиме таков луксуз.
Блаженејши Архиепископе Тирански и на сета Албанија… Топла молба: потсетете го Анастасиј кој е!
Пишува: Андреас Лударос
[1] Во периодот кога Грција беше под монархијата од протестантско потекло, се случуваше особен прогон на традиционалната духовност и монаштво, кои беа претставени како ретроградни и заостанати. Во тој контекст, беше отфрлено проучувањето на класичните дела од црковната литература, оние на Светите Отци, за сметка на „научните“ богословски дела, главно од Запад. Протагонисти во овој нов живот на Црквата беа две главни парацрковни организации: „Зои“ и „Сотир“, кои успеаја длабоко да продрат и да ги контролираат црковните работи. Бидејќи се водеа не од благодатниот и евхаристиски живот во Христа, туку главно од етички и пиететски начала од второстепено значење, тие беа сериозно осудени од новите црковни генерации, „кога Бог си ја врати Црквата на Себеси“ (сп. Синаксар на неделата на Православието).
Добриот наслов „Кој е, всушност, Анастасиј?!“ го поттикнува меѓу другото и прашањето ‘Кој е всушност Андреас Лударос?!’ … иако овој бесмислен комерцијален текст за дневни политички потреби наведува на многу позначајни откритија за актуелните состојби во Православната Екумена (безмалку сите тие носат исклучително корисни информации за процесот на признавањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и можните последици од конечниот исход во иднина). Значи, според својата лесно употреблива површност за разни задачи и ангажмани, Андреас Лударос секако не можел да знае дека еден Архипастир од таков формат како Архиепископот на Драч и цела Албанија Анастасиј не може да не биде украсен и со дарот на расудувањето и вистинољубовоста за комплексните еклисиолошки теми. И меѓу Поглаварите на Помесните Цркви денес има такви кои тежнеат не просто кон земната власт туку кон светителски венци: не прави секој компромиси од властољубие или за човечка утеха и слава. Кога е воден од љубовта Божја човекот на сеедно која светска или црковна позиција ревнува со чисто срце и со татковска грижа за сите и за се’, без тесноградоста на кнезовите на овој свет и век, и бе зтежнеење да приграби нешто за себе или за некаква своја, вештачка кауза.
Ангелина … Прашањето кој е Андреас Лударос го поттикнува прашањето ,,Кој е всушност Ангелина?,,
Но, не мора да се даде одговор на тоа прашање. Не е нешто значајно тоа.
Ако архиепископот Анастасиј е таков каков што го опишуваш ти, тогаш тој нема да направи разлика и веднаш ќе ја спроведе ,,татковската грижа и правда,, за МПЦ – Охридска Архиепископија. Без компромиси и без тесноградост. Без вештачката кауза дека МПЦ – ОА не постои или дека неможе да постои како таква, со такво име.
Ама, тука не е баш така …
Затоа, бидејќи Андреас Лударос е во право, намали на брзината малку.
Човекот пишува за различните критериуми на сите околу нас, па и на оние кои тие маки и проблеми ги поминале лично. Оставете ги и другите на раат да си врват во маките. Не им долевајте дополнителни маки преку филозофии и квази теории.
Никого човекот не нападна. Знае тој кој е Анастасиј многу подобро од тебе.
Факт е дека на испразнетата катедра за Епископ на Албанската Православна Црква во Њу Џерси без согласност на Анастасиос, Архиепископ на Драч и цела Албанија е донесен Теофанис (Аријан) Која, со одлука на Американската Православна Црква и на Цариградската Патријаршија. Ете тоа е нешто кое би ја засегало и иднината на Македонската Православна Црква во иднина: Нејзините Митрополити во дијаспората да ги назначува некој друг, а не таа самата. Отпорот на Анастасиј потекнува од обидот на истиот Теофанис (Аријан) Која да го урне неговиот подвиг во Албанија, имено обновувањето на Албанската Православна Црква со таков успех, како што наведува и гониот текст, бидејќи Теофанис (Аријан) Која се обидел да создаде етнички чиста, нова, во случајов паралелна Помесна Црква во Албанија. Од Теофанис (Аријан) Која заради неговото малку испомешано боготрагателско минато побарано е на востоличувањето од страна на Анастасиј да го чита православниот Символ на Верата зради сведоштва дека претходно го практикувал со Филиокве. Се надевам дека овој коментар е доволно иллустративен за да не биде избришан од модераторот на овој веб сајт.
Ангелина … мешаш баби и жаби …
Албанска црква во дијаспората нема, како што нема и грчка црква во дијаспората. Нема ни ерусалимска, нема ни александриска, нема ни кипарска.
Македонска има, српска има, бугарска има, романска има, антиохиска има, и тн.
Русите ни самите не знаат што имаат, а што немаат, бидејќи самите си ја измешаа работата со руската задгранична црква и со украинската црква.
И никој нема да го промени ни првото, ни второто.
А, исклучоци, посебности, единечни случаеви, одредени проблеми, имало и ќе има.
Прво треба да се разбере суштината … додека се дојде до филоквето, многу е комплицирано.
Ама, кај тебе секако е виша теологија … така да, слободно продолжи со жабите и бабите …
Таа недобронамерна “исправка” сепак ме доведе и до многу подобри информации на истата тема: имено, штотуку востоличениот Митрополит на Њу Џерси од страна на Американската Православна Црква и на Фанар за верници со албански мајчин јазик на неговата хиротонија го изговорил Символот на Верата на римокатолички начин, имено со додатокот Филиокве. Ова покренало лавина реакции во православниот свет и се крена голема прашина околу валидноста на таа хиротонија. За ова известуваат The National Herald, Hellas Posts итн. Очигледно е дека Архиепископот на Драч и Цела Албанија и во овој, како и во сите др. случаи реагирал од чисти православни позиции, не така како што настојувате да го прикажете. Два дена подоцна нововостоличениот Митрополит на Њу Џерси го оквалификувал тоа како не толку значаен лапсус кој (покрај неговите познати девијантни активности во минатото) не ја ставаат под сомнеж неговата теолошка (а камоли духовна) компетентност. Инаку, во тие написи стои дека катедрата во Њу Џерси била насилно испразнета, со цел да се одлее нејзиниот имот.
Штосе однесува до поддршката на Архиепископот Анастасиос за Отците на Киево-Печерската Лавра, таму јека никакви црковно-политички вулгарности ниту замелушено стоење на погрешната страна на историјата: Архиепископот Анастасиј благовремено предупредувал за непастирскиот пристап во процесот на доделување автокефален статус на Украинската Црква, дури ги предвидел и состојбите на африканскиот континент, и како глас кој вика во пустината се обидувал да го покаже патот кон новото, благотворно единство на Православната Црква. Во сите негови беседи се гледа очигледна длабока и искрена љубов кон Стадото Христово, никаква нервоза и недоветност.
Клеветите никогаш не биле начин да се одгледаат вистинските плодови на верата, ниту да се воспостават и негуваат здрави односи – никаде, па ни во Црквата. Тој што се надева на нив нема ништо заедничко ни со Господ ни со патот на спасението.