Почетна Вести Регион Српски свештеник осомничен дека бил дилер на дрога
Српски свештеник осомничен дека бил дилер на дрога

Српски свештеник осомничен дека бил дилер на дрога

225
0

Приказната за двојниот живот на Милан Јордовиќ, свештеникот во чијшто автомобил беа пронајдени 52 пакетчиња од дрогата сканк, по една недела ја подели јавноста, пишува белградски Блиц. Мнозинство се оние кои веруваат дека “нивниот Јордо” никогаш по своја волја не би го сторил тоа, додека други се сомневаат.

-Да ви кажам, за него немам лош збор, добар беше во својата парохија. Никогаш не се истакнуваше иако беше добро ситуиран. Одгледуваше малку малини и хранеше пилиња. Кога ќе погледнете, скромно семејство, добро. Но слушнав од комшијата дека кај него се распрашувал за некои жени, но никој тоа не го сфаќал сериозно, точно дека е свештеник но знаете какви се мажите, сакаат да прокоментираат убава жена. Сега веќе по сите овие приказни, јас не знам што е вистина. Просто не можам да верувам дека бил женкар и дилер, не можам тоа да го спојам со неговиот однос кон луѓето во парохијата, вели за Блиц познаник на Јордовиќ.

-Мене таа вест ме погоди, господ да чува, како некој од семејството да ми починал. Ако за некого би ставила рака в оган, тоа би бил нашиот свештеник, вели мештанка од селото Прилике каде Јордовиќ служел речиси цела деценија.

Инаку, Милан Јордовиќ во Прилике и родната Пожега сите го знаат по добро. Истакнуваат дека зборувал неколку јазици, бил начитан, фин кон луѓето и добар кон децата. Никогаш во куќа каде што има деца не влегувал без бонбони или подарочиња за да ги израдува.

-Никако да сфатиме дека нашиот свештеник возел дрога и бил женкар!, тврдат мештаните. Долго време немал деца, а синот го добил додека служел во Прилике. Се зборува дека често организирал добротворни акции и им помагал на болните и сиромашните.

Инаку, пред една недела српската полиција го уапси свештеникот Милан Јордовиќ и учителот по веронаука Зоран Маринковиќ со дури 27 килограми наркотици кои ги превезувале со автомобил. Едниот бил во мантија, а другиот во женска облека. Тогаш пред полицијата се правдале дека доаѓаат од манастирот Студеница и дека не знаат зошто би ги сопирале, а во бункер во автомобилот носеле 52 пакетчиња сканк.

На свештеникот и вероучителот им се одредени по 30 дена притвор, а попот на сослушувањето се бранел со молчење.

Вероучителот Зоран Маринковиќ кој пее во црковниот хор и кој пред неколку години работел во основно училиште како учител по веронаука, мештаните од Пожега помалку го познаваат одошто Јордовиќ. Поради начинот на облекување – сакал да се облекува во женска облека, ги скубел веѓите и носел кадрава коса и имал пластична операција на усните – го сметале за чудак.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *