Почетна Вести Христијанство Средба на македонскиот амбасадор во Турција со Вселенскиот патријарх
Средба на македонскиот амбасадор во Турција со Вселенскиот патријарх

Средба на македонскиот амбасадор во Турција со Вселенскиот патријарх

463
0

Македонскиот амбасадор во Анката – Турција, Звонко Муцунски вчера имал средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, во седиштето на патријаршијата во Фанар.

Веста за средбата ја објави Вселенската Патријаршија на својата интернет страница, на која за прв пат наместо ФИРОМ, го користи новото уставно име Република Северна Македонија.

Сепак, во соопштението нема детали за што разговарале Муцунски и Вартоломеј, освен дека на средбата присуствувал и Митрополитот на Франција од Вселенската Патријаршија, Емануел.

-Вселенската патријаршија денеска, среда, 27 Март, ја посети амбасадорот на Државата Северна Македонија во Анкара, г-дин Звонко Муцунски. Г. Муцунски кој беше придружуван од неговата сопруга госпоѓа Татјана, беше примен од страна на Цариградскиот патријарх Вартоломеј, и имаа можност да разговараат за прашања од заеднички интерес. Митрополитот на Франција Емануел присуствуваше на состанокот, стои во официјалното соопштение на Вселенската патријаршија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *