Почетна Вести Средба меѓу поглаварите на Католичката црква и на Англиканската црква
Средба меѓу поглаварите на Католичката црква и на Англиканската црква

Средба меѓу поглаварите на Католичката црква и на Англиканската црква

271
0

Поглаварите на Римокатоличката и на Англиканската црква ветија дека ќе работат заедно за да им помогнат на сиромашните и во заштита на животната средина и покрај нивното несогласување со различните приоди за прашањето кон жените свештеници и геј браковите.

anglikanska-i-katolickaПапата Франциско и Кентерберискиот надбискуп Џастин Велби го дадоа ова ветување на вечерна моилитва во црквата Сан Грегорио ал Челио во Рим, со што ја одбележаа 50-годишнината од почетокот на дијалогот меѓу двете цркви во 1966 година.

Во 1966 година тогашниот Кентерберски надбискуп Мајкл Ремзи се сретна со папата Павле Шести. Пред тоа последната средба на поглаварите на двете цркви била во 1534 година.

anglikanska-i-katolicka-3Меѓу двете цркви има заедничка комисија со задача да се разгледаат доктирните кои водат до нивна поделба.

Во Англиканската црква жените може да бидат ракоположени за свештеници од 1992 година, додека американскиот огранок на Англиканската црква поддржува и истополови бракови.

Минатиот јануари Англиканската црква воведе санкции за тоа и така се избегна официјална поделба, но длабоките несогласувања со американскиот либералниот огранок остануваат нерешени.

Англиканизмот се зардоил од отцепување од Католичката црква во 16. век, кога тогашниот папа не сакал да го поништи бракот на англискиот крал Хенри Осми. Оттогаш англиканците не ја признаваат власта на папата.

Средбата меѓу папата и поглаварот на Англиканската црква продолжува денеска со аудиенција во Ватикан.

Англиканската црква има 85 милиони верници, а католиците во светот се околу 1,2 милијарди.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *